Скопјанец засадил 2.000 стебла марихуана за магистeрски труд

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М. (43) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.Пријавениот, наводно, заради изработка на магистерски труд на Зeмјоделски факултет Скопје доставил повеќе барања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се однесувале за впишување во регистерот за семе и саден материјал на коноп од сортата „Хелена“- Cannabis Sativa L (добиена од сорта на индустриско растение запишано во национална сортна листа „Новосадско Конопље“) како и согласност за почнување проект и дозвола за производство на коноп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорило дека треба да биде запишан во регистерот на снабдувачи на семенски материјали, како и дека сортата „Хелена“ да биде запишана во Национална сортна листа и дека Министерството нема надлежност за давање согласност за користење на увезено семе за лична употреба. 
Известување и барање за дозвола за отпочнување на производство на коноп доставил и до Министерство за здравство за кое добил одговор дека во Република Македонија, како членка на Обединетите нации, е забрането производството на Канабис во сите форми.
Покрај известувањата кои ги добил од двете министерства пријавениот во текот на 2016 година, од Нови Сад, Србија набавил два килограми семенски материјал канабис. Дел од семенскиот материјал го засадил и одгледувал на земјиште лоцирано во м.в. „Врбица“ село Железница, кратовско, каде неовластено произведувал вкупно 1.897 растенија, додека останатиот семенски материјал од растителен род Канабис со нето маса од 1980,6 грама го чувал заради понатамошно дополнително производство. 
Во неделата извршен е претрес на објект и на нива при што П.М. ги покажал парцелите каде има насадено канабис.
По одземањето на насадите и растенијата со потврда за привремено одземени предмети  извршено е вештачење при што е констатирано дека насадите во вкупен број од 1.897 се млади растенија кои припаѓаат на растителниот род канабис сатива и содржат психоактивни супстанции забранети за производство и промет во Македонија. Истото е констатирано и за семенскиот материјал во вкупна тежина од 1980,6 грама.Пријавениот, наводно, заради изработка на магистерски труд на Зeмјоделски факултет Скопје доставил повеќе барања до Министерството за земјоделство,

Пронајдете не на следниве мрежи: