Психологот Скот Бери Кауфман, тврди дека мозоците на генијалците и шизофреничарите се изненадувачки слични. Тие имаат многу активен дел од мозокот кој е задолжен за мечтаење и асоцијации, но разликата е во тоа што генијалците знаат да ја разликуваат реалноста од фантазијата.„Голем е митот дека креативните генијалци се секогаш генијални. Многу такви генијалци се добри во самопромоција и помалку се нарцисоидни, па можат да остават впечаток дека воопшто не се трудат околу нешто. Но, нивниот креативен процес е многу сличен на оној низ кој поминуваат луѓето кои се обидуваат да бидат креативни“, објаснува Кауфман.
„Важно е да се ризикува. Голем дел од работите кои Томас Едисон ги има направено се чисти глупости. Во својот живот тој ги имал најлошите идеи од неговата генерација, но имал и неколку идеи кои биле најдобри на светот. Поради тоа, сосема е оправдано некој да има лоши идеи, доколку истите ве доведат до генијалните“, тврди Кауфман.
При објаснувањето на генијалците, тој го спомнал и Еминем, за кого тврди дека има „развиени врски во подрачјето на мозокот кој е задолжен за обработка на јазикот. Со тек на време, кога вежбате нешто, било да станува збор за когнитивна или моторна вештина, ги развивате врските во мозокот кои го прават да биде единствен“.
Научникот за неврологија Хелен Берлин, додава: „Различните делови од мозокот се активираат и кога станува збор за импровизирано рапување. Ист дел од мозокот е задолжен за создавање на нови идеи, а кога се користи, помалку е активен делот за меморија кој е одговорен и за сфаќањето на себеси. Кога тој дел од мозокот ќе се исклучи, го губиме филтерот кој нѐ држи во рамките на општествените норми, што овозможува слободен проток на информации. Тоа може да биде многу корисна работа“.„Голем е митот дека креативните генијалци се секогаш генијални. Многу такви генијалци се добри во самопромоција и помалку се



