Собрани над 6 милиони евра помош преку СМС за настраданите од земјотресот во Италија

Службата за цивилна заштита во Италија собрала за три дена по земјотресот над шест милиони евра помош преку СМС пораки, соопштија денеска претставници на службата, пренесе ТАСС.Единствениот број за сите мобилни оператори беше отворен прогласен на 24 август, на денот на земјотресот, во кој загинаа најмалку 290 лица и беа уништени или оштетени стотици станбени и други згради во неколку области на централна Италија.
Од цивилна заштита најавија и дека престануваат да прифаќаат донации во вид на прехранбени производи и предмети од прва потреба за настраданите.
„Собраната хуманитарна помош е доволна, но на луѓето без покрив над глава им треба финансиска помош“ – велат локалните власти.
Покрај државните органи со прибирање на средства за настраданите се занимаваат и невладини организации, а исто така и радио и телевизиски станици.Единствениот број за сите мобилни оператори беше отворен прогласен на 24 август, на денот на земјотресот, во кој загинаа најмалку 290 лица и беа ун

Пронајдете не на следниве мрежи: