Втората по големина француска банка Societe Generale објави во понеделникот дека планира да затвори околу 550 работни места во своето седиште во Париз во рамки на дополнителното намалување на трошоците во време на криза во европските економии.„Моментно сме во преговори со синдикатите во Франција за планот за намалување на бројот на вработени. Вкупниот ефект од тој прв чекор ќе биде намалување на 550 работни места“, изјави заменик извршниот директор Северин Кабанес во интервју за Bloomberg.Societe Generale во февруари започна со плановите за реорганизација на главните деловни одделенија во три целини, а сега сака дополнително да ги намали трошоците на домашниот пазар, откако минатата година укина околу 1.600 работни места во одделите за корпоративно и инвестициско банкарство ширум светот.Банката планира до 2015 година да заштеди дополнителни 900 милиони евра, покрај заштедените 550 милиони во 2012 година, со што вкупните расходи би ги снижила за 1,45 милијарди евра.
МакфаксВтората по големина француска банка Societe Generale објави во понеделникот дека планира да затвори околу 550 работни