Шокантно: Водечки медиуми од САД и Европа одбиле да ги снимат украинските војници кои преминале во Русија

Американските новинари акредитирани во Русија ја одбиле поканата на руското министерство за надворешни работи да ја посетат руско-украинската граница и да се сретнат со украинските војници кои изминатиот период преминаа на руската територија, објави во средата заменикот директор на секторот за информирање на руската дипломатија, Марија Захарова на својот профил на Facebook. Околу 800 украински војници преминале  преку границата во Русија, одбивајќи да се борат и пукаат врз сопствените граѓани. Нивните места во укаринската војска ги заземаат странски платеници и неонацистите од Десниот сектор собрани во националната гарда. Веста дека толку голем број украински војници одбиваат наредби од Киев би била битна за формирање на јавното мислење во Европа и САД во однос на целите и методите на Киев во украинската криза, па токму затоа водечките медиуми од Европа и САД ја одбиле поканата на Москва нивните новинари и сниматели да дојдат на лице место, во собирните кампови, и сами да се уверат во вестите за масовно дезертирање и преминување на украинските војници во Русија.
„Тоа се случи завчера… Агенциите ја проследија веста дека повеќе од 400-те украински војници се обратиле до руските погранични служби со барање да им се пружи засолниште. Сметајќи дека е важно за новинарите, особено за странските, да стапат во контакт со припадниците на вооружените сили на Украина, за од нив од прва рака да ја дознаат вистинската слика за борбените дејствија, за мотивацијата на украинските војници, вистинските причини за нивната постапка, решивме истиот ден да поканиме група дописници во Ростовската област. За среќа, истовремено во истиот правец со авион патуваа и претставници на министерството за одбрана, кои можеа да превезат 30 до 40 новинари. Итно им беше јавено на сите. Во следните часови се јавија повеќе од 40“, напишала Захарова.

Според Захарова, освен агенцијата Bloomberg, ниту едена друга американска агенција не се пријавила за да ја посети границата!
„Нас (Русија) нé критикуваат дека малку комуницираме со западните медиуми, и тоа наводно била причината за информативната блокада на Русија. Меѓутоа фактот си е факт: ние кажуваме – тие не сакаат да слушнат, или им забрануваат“, истакнува заменикот директор на службата за информации и односи со јавноста на руското министерство за надворешни работи.
  Околу 800 украински војници преминале  преку границата во Русија, одбивајќи да се борат и пукаат врз сопствените граѓани. Ни

Пронајдете не на следниве мрежи: