Солен ролат со шунка и топен кашкавал

Звучи вкусно, нели? Уште повкусно се топат во уста овие солени парчиња ролат со шунка и кашкавал кои се одличен избор за мезе доколку сакате да ги изненадите домашните со нешто крцкаво и вкусно или пак да ги мезнете сами со кригла пиво. Нема да ви одземат многу време за подготовка, но верувајте секоја секунда потрошена на нив ќе ви се исплати кога ќе ги пробате.
Состојки:
200 g брашно
25 ml маслиново масло
1 квасец
130 ml вода
1 лажица сол
250 g шунка
100 g кашкавал
Подготовка:
Квасецот потопете го во вода со малку брашно, шеќер и сол и чекајте да нарасне. Потоа додајте го останатото брашно и замесете убаво тесто и оставете го на собна температура повторно да нарасне.
Тестото развлечете со сукало во форма на правоаголник и пропрскајте го со маслиново масло, потоа наредете ја шунката, а над неа кашкавалот кои може да бидат исечени на парчиња или цели, тоа е ваш избор.
Замотајте го тестото во форма на ролат и сечете го на парчиња. Парчињата редете ги во плех покриен со хартија за печење попрскана со маслиново масло.
Печете ги на 200 степени околу 20 минути, а потоа оставете да се оладат, но не целосно. Сервирајте со пиво и уживајте во викендот!Нема да ви одземат многу време за подготовка, но верувајте секоја секунда потрошена на нив ќе ви се исплати кога ќе ги пробате.
Сос

Пронајдете не на следниве мрежи: