Сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко, а неколку полесно повредени се случила вчера попладне околу 17 часот и 45 минути на автопатот Тетово-Гостивар клучката за Камењане.Во несреќата учествувале „Опел тигра“ со велешки регистерски таблици управувано од 28-годишната велешанка З.З, кое поради дефект необезбедено било запрено на дел од едната коловозна лента, товарно возило „Фолсфаген фургон“ со тетовски таблици, што го управувал 43-годишниот тетовец И.Е. и патничко возило „Мерцедес вито“ со кичевски таблици, управувано од 34-годишниот Б.М. од Кичево.
-Во несреќата, возачот на „Мерцедесот“ и сопатничките од истото возило Д.М, Ш.М. и А.А, како и сопатникот од „Фолсфагенот“ В.Е. задобиле со повреди и со медицинско возило пренесени се во тетовската клиничка болница. По укажаната лекарска помош, четворица од повредените пуштени се дома, додека поради сериозноста и карактерот на повредите 30-годишната Ш.М. итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово. Се утврдува причината за несреќата, во која вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.Инаку, поради оваа сообраќајна несреќа сообраќајот бил во прекин еден час и се пренасочувал по регионалниот пат Тетово-Пирок.Во несреќата учествувале „Опел тигра“ со велешки регистерски таблици управувано од 28-годишната велешанка З.З, кое поради дефект необез