Совет на општина Прилеп: СДСМ бега од седници затоа што нема аргументи

Loading...

Претседателот на Совет на општина Прилеп реагира на информациите изнесени од страна на советникот на СДСМ на неговата прес-конференција.Реакцијата ја пренесуваме во целост
Во интерес на правилно информирање на јавноста би сакал да реагирам на информациите изнесени од страна на советникот на СДСМ на неговата прес-конференција.
Имено, на претходната, 49-та седница на Советот на Општина Прилеп, беше доставено барањето на СДСМ и во однос на процедурата за негово разгледување советниците гласаа, пришто беше одлучено дека е потребно да се запази постапката и принципот на работа на Советот во изминатиот период и истото да биде разгледано од соодветната комисија. Процедурата и постапката беше целосно испочитувана.
Исто така, јавноста треба правилно да биде информирана дека Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп во текот на оваа година веќе донесе одлука за доделување на 2,5 милиони денари, средства за поддршка на ФК Победа.
Советот на Општина Прилеп е сериозен орган на одлучување и притоа како Претседател секогаш ќе се борам и нема да дозволам девалвирање на истиот, ниту ќе дозволам нарушување на работата за каков и да било интерес. Граѓаните од нас очекуваат да бидеме присутни на седниците на Советот каде ќе можеме со својата работа и аргументи да придонесеме за доброто на сите граѓани на Општина Прилеп.
Праксата на бегање од седници кога немате аргументи мора да се промени во интерес на граѓаните. На денешната седница, која советниците на СДСМ ја напуштија, меѓу другите беа донесени повеќе одлуки по барања на наши сограѓани за легализација на бесправно изградени објекти, беше донесена и одлука за започнување на проект за изградба на подземни садови за комунален отпад во централното градско подрачје. Ова се одлуки од интерес на граѓаните и е штетно и неодговорно кон граѓаните напуштањето на седниците на Советот за кои советниците земаат надоместок.Реакцијата ја пренесуваме во целост
Во интерес на правилно информирање на јавноста би сакал да реагирам на информ

loading...
Loading...