Доколку почнеш да носиш наочари, многу совети коишто дотогаш си ги знаела едноставно пропаѓаат во вода. Но, тоа не значи дека доколку носиш наочари, не можеш да бидеш убаво нашминкана.
Погледни ги овие совети и пробај нови можности:
1. Помалку е подобро
– Веќе имаш убав украс на лицето којшто привлекува внимание, немаш потреба од многу шминка. Средени веѓи, добар туш и маскара и подготвена си за излегување!
2. Трик со тушот за очи
– Можеби не ти се верува, но одлично изгледа кога ќе се вклопат тушот и наочарите. Доколку имаш дебел оквир, пробај секси дебела мачкеста линија, а доколку имаш тенок оквир, научи да црташ тенка линија.
3. Веѓите се важен дел
– Наочарите привлекуваат внимание на твоите очи, но исто така мораш да имаш и убаво оформени веѓи.
4. Обезбеди си добар коректор
– Наочарите за жал привлекуваат внимание и кај подочњаците, па поради тоа биди внимателна и обезбеди си добар коректор, бидејќи лошата текстура би им дала непосакуван ефект и ќе го нагласи токму она што сакаш да го сокриеш.
Погледни ги овие совети и пробај нови можности:
1. Помалку е подобро
– Веќе имаш убав украс на лице
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.