СОВРШЕН САБОТЕН РУЧЕК: Бело месо во сос од павлака и печурки

Совршен саботен ручек…ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 600 гр. бело месо
* 1 главица кромид
* 400 гр. печурки
* 500 мл. павлака
* 100 гр. кашкавал
* 1 лажичка сенф
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белото месо исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во прашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени.
Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф.
Во тавата во која се пржеше месото пропржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и динстајте додека не омекнат. По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо.
Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата. Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Добар апетит!ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 600 гр. бело месо
* 1 главица кромид
* 400 гр. печурки
* 500 мл. павлака

Пронајдете не на следниве мрежи: