Според нотите на ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ: Ова е најголемиот заговор на ЈУ-РОК сцената!

Во последните година дена, во Србија и во регионот кружи мејл што се однесува на неверојатните случувања на југословенската поп рок сцена. Многу настани во овој мејл се сомнителни и обвиени со заговори, но поголемиот дел од податоците се совпаѓаат со реалните случувања во `70-те и `80-те години од минатиот век.Дел од службите за државна безбедност беа подготвени да проговорат за акциите во кои учествувале за време на владеењето на Јсоип Броз Тито и на Слободан Милошевиќ, а најспецифичната приказна ја има некогашниот помошник-началник во Ресорот за државна безбедност, Живан Велисављевиќ, кој беше пензиониран на почетокот од `90-те години со указ на тогашната СФРЈ.
Велисављевиќ денес живее во својата семејна куќа во родната Лојаница. Неговиот дом е далеку од тоа како што јавноста си ги замислува домовите на пензионираните шпиони. Нема високи ѕидови, железни врати кои се отвораат на далечинско управување и кучиња-чувари. Но, иако куќата на Велисављевиќ е уште една од многуте во овој крај, сепак, во неа постои нешто по што се разликува.
На грижливо уредениот таван, Велисављевиќ има колекција од неколку илјади музички „лонг плеј“ плочи исклучиво со забавна и рок музика снимени во СФРЈ. На прашањето дали е дискофил, тој вели дека ниту една од овие плочи не може да ја отуѓи бидејќи тие ги добил од Ресорот за државна безбедност на реверс.
Ангажманот на Велисављевиќ во службата започнал во 1968 година, кога студентските демонстрации сериозно го раздрмале Тито. Иако успеал да ги смири, Тито забележувал дека постојано се појавуваат нови жаришта.
Во тој период Тито одвај ја приведе до крај кризата околу Брионскиот пленум, а веднаш се појави студентската криза и инвазијата на Чехословачка, па беше потребно да се пацифизира барем еден од фронтовите. За таа цел, Тито на таен состанок дискутирал за тоа кој фронт може прво да се реши. Вељко Влаховиќ предлагал СФРЈ да набави атомска бомба која би била гарантирачки фактор на нејзиниот суверенитет, Едвард Кардељ предлагал приближување до НАТО пактот, а Стане Доланц излегол со најбизарен предлог. Доланц објаснил како ЦИА, користејќи ја музиката на бендови која силно се потпира на хедонизам и употреба на опојни дроги, успешно ја затапи борбената острица на студентските протести во Америка и голем број млади и прогресивни луѓе да ги претвори во безопасни кловнови без јасна револуционерна идеја.
Доланц, заедно со своите најблиски соработници, Срдан Андрејевиќ и Обрад Ѓорѓевиќ, го избрал младиот Живан Велисављевиќ да биде задолжен за оваа операција, која Велисављевиќ ја водел цели 22 години.
„Првиот регрут, природно, ми беше Горан Бреговиќ. Со него немаше проблем, тој ја сакаше идејата за југословенство, како и сексот и дрогата, така што лесно се договоривме“, сведочи Велисављевиќ.
„Со Бреговиќ дури и применував еден систем кој Службата го користеше со криминалци – им овозможуваше да крадат во странство, а да добиваат засолниште во Југославија во замена за извршување некоја задача за наши потреби. Така, на Бреговиќ му овозможував да краде странски песни, да ги објавува како свои, а во нив да го пропагира она кое нам ни беше потребно“.
Велисављевиќ вели дека Здравко Чолиќ не бил толку едноставен и лесен за регрутирање.

Самитот во Скендерија
„Чолиќ беше исклучително талентиран изведувач и не можевме да го регрутираме туку така. Тој немаше ништо против нас, но не сакаше никому да должи било што“. Сепак, кога Чолиќ бил уапсен во Охрид поради размена на девизи, Велисављевиќ во тоа ја видел својата шанса. „Го посетив во охридскиот затвор и се договоривме за 15 минути“.
Во одделението од ресорот за државна безбедност на Велисављевиќ, настанала хистерија кога дознале дека е регрутиран Здравко Чолиќ. Подоцна се појавила паника дека му се потребни големи хит песни. Дел од службата се сомневале во Корнелије Ковач и било одлучено целата југословенска поп-сцена да застане зад Чолиќ.
„Една ноќ направивме таен состанок во Скендерија. Шест млазни авиони ги донесоа сите клучи поп-ѕвезди и композитори кај нас. Тука беа Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Корнелије Ковач, Бојан Адамиќ, Жика и Радован од Зана, Момчило Бајагиќ, младиот Злаја Арсланагиќ од Црвена Јабука, Изток Турк, Јура Стублиќ, Владимир Дивљан, Зоран Лесендриќ и многу други.“
„Ги сместивме во Скендерија. Седеа целосно неспремни за тоа што ги чека. Тогаш јас излегов на говорница, се чувствував како Тито и им реков дека секој е должен да подготви по една песна за албумот со кој Чолиќ требаше да го направи своето враќање на музичката сцена“, кажува Велисављевиќ и денес не можејќи да го сокрие восхитувањето.
Екипата музичари потоа беше вратена во своите градови и беше започната работата на песните. Меѓутоа, во Службата завладеа нервоза бидејќи толкав број луѓе не можеа безбедно да се контролираат, така на крајот, сепак, се одлучи Бреговиќ да го сработи целиот албум, за песните да не протечат во јавност.
„Повратничкиот албум од Здравко Чолиќ во еден момент делуваше дека ќе биде најголемиот албум во историјата на поп музиката. Се чинеше дека овој албум за Чолиќ ќе биде она што беше Smile за Бич Бојс, а ние тоа не можевме да си го дозволиме. Чола ѝ беше потребен на Југославија во тој момент и на крајот сето тоа го реши Брега.“
Воени песни
Службата за државна безбедност беше задолжена и за подготовка на концептуални албуми кои имаа да се пуштаат во етерот во случај на војна, па дури и на нуклеарна апокалипса. „Тоа се таканаречени ’Албуми за судниот ден‘, така ги нарекувавме во службата. На нив беа снимани последните песни на светот, песни со кои овој народ требаше да ја преживее нуклеарната зима“.
На песните работеше музичкиот крем на југословенската сцена, во соработка со тим од психолози. „Има некои љубовни песни кои ги тестиравме на животни. И навистина, кога ќе им се пуштеа песните, тие ги наведуваа на парење преку лачење на одредени хормони. Такви песни се правеа во случај во бункерите после нуклеарната војна луѓето да треба да бидат стимулирани за продолжување на расата.“
„Да се пушти таква песна во етерот во нормални околности, е кривично дело. Тие снимки и ден-денес се наоѓаат во сефот од Началникот на службата за државна безбедност“.
Велисављевиќ нерадо говори за овие песни. Сепак, после големо навалување призна дека некои од нив ги пишувал Кики Лесендриќ, а дека ги пееле Зана Нимани, Ања Рупел и Марина Перазиќ. На прашањето дали тие песни беа објавени на нивните рани албуми, Велисављевиќ се насмеал и дал лаконски одговор: „Денис & Денис за ова се детска градинка…“.

Двоен агент
Велисављевиќ вели дека во својата пракса само еднаш се сретнал со двоен агент. Тоа бил случајот со Изток Турк, лидер и главен автор на групата Videosex.
„Изток работеше за нас. Некаде во времето на албумот Lacrimae Christi го контактираше германската служба BND. Тој сакаше да ги прекине контактите со нив, но ние инсистиравме да продолжи со нив.“ Како што се приближувал распадот на Југославија, Велисављевиќ тврди дека и лојалноста на Турк кон Германците почнала да се менува.
„Не сум сигурен дека Турк ја предаде Југославија, мислам дека ѝ беше лојален до самиот крај, но како што одминуваше времето, неговата верност беше сѐ помала и помала. За тоа говори и неговиот обид со Videosex да снимат песни на англиски јазик.“ Снимањето песни на англиски јазик, според Велисављевиќ била смешна провокација која доаѓала од самиот центар на германската известувачка служба со цел да се колонијализира југословенската музичка сцена.
„Тие сакаа да ги маргинализираат нашите бендови со тоа што ги наговараа да снимаат на англиски јазик, а со што ги одвојуваа од домашната публика, притоа не добивајќи вистинска шанса на странската музичка сцена. Сета среќа што тоа не им успеваше кај алтернативните бендови. Брега, Чола и Азра ние ги држевме под железен стисок.“
Албумот на англиски јазик од Дивље јагоде беше класичен заговор од MI6. Нивните како свои агенти во тој период ги држеше озлогласениот Ентони Монктон. Тој својата кариера ја започна како рок ен рол оперативец за СФРЈ за на крајот да заврши служејќи во Белград.“
За среќа, Државната безбедност на Југославија имала свој адут во споменатата музичка група.
„Ален Исламовиќ беше наш човек и однатре ја подриваше англиската кариера на Дивље јагоде. Тој беше здравиот елемент во таа група и затоа го наградивме со пејачко место во Бело дугме.“
Велисављевиќ и денес се смета за Југословен. Верува дека и самите републички служби за државна безбедност работеле против заединчката држава, дури и во домен на рок ен рол музиката.
„Јасенко Хоура беше човек на хрватската републичка Служба. Неколку пати им испраќав дописи да ни го стават на располагање во сојузната служба бидејќи е талентиран музичар, а тие постојано одбиваа смислувајќи некакви формалности. Одговорно тврдам дека неговата песна ’Мојој мајци‘ (последната ружа на Хрватска) е масло на загрепското одделение.“
„Нема невини“, продолжува Велисављевиќ, „кога забележавме дека Бог и црквата често се споменуваат во лесните од Пилоти, го приведовме Зоран Леандриќ за да видиме за што станува збор. Преку ноќта ни се јави шефот на белградското одделение и ни кажа дека е нивни. Ние моравме да го пуштиме. Тогаш сфатив дека секоја републичка служба си има свој бенд.“

Ибарска магистрала
„Војната немаше да се случи без пропагандите и бендовите како Прљаво казалиште“, нагласува Велисављевиќ. Тој смета дека е наивно да се очекува оти борбата меѓу тајните служби би била нешто попитома на полето на рок ен рол сцената, отколку на некое друго поле.
„Сценариото со проклетството на Ибарската магистрала прв пат е применето на Слободан Пенезиќ Крцун, а втор пат на Дражен Ричл.“
Велисављевиќ одговорно тврди дека во сообраќајната несреќа на членот од Црвена јабука не е сѐ чиста работа. „Злаја набрзо го напушти бендот, тој беше ангел, еден од моите најдраги оперативци, вистински Југословен“, вели Велисављевиќ. „Мислам дека ќе биде интересно ако Жера некогаш проговори, тој ја знае целата приказна.“
Сегашната сцена
Велисављевиќ не ја следи сегашната музичка сцена, откако се пензионираше. Сепак, она што го гледа на телевизија и преку интернет не му влева доверба.
„Доста талентирани луѓе се префрлија во турбо фолк водите, а на рок сцената многу бендови пејат на англиски јазик. Ништо од тоа не е добро. Сцената беше многу подобра додека ја контролираше Службата за државна безбедност, бидејќи ние креативно ѝ помагавме кога се наоѓаше во криза.“
Велисављевиќ се гордее на податокот дека Државната безбедност за песната Липе цвату ангажирала дури тројца професори од Музичката академија и еден професор по книжевност за да му помогнат на Бреговиќ да ја осмисли.
„Денес, за жал, веќе нема такви амбиции. Се плашам дека Државната безбедност веќе не ги контролира ни оние бендови кои самите тие ги формираа.“Дел од службите за државна безбедност беа подготвени да проговорат за акциите во кои учествувале за време на владеењето на Јсоип Броз Тито и на Сло

Пронајдете не на следниве мрежи: