СПОРЕД РЕЦЕПТОТ НА БАБА: Направете превкусно кисело млеко!

Нема ништо поубаво од ладна шолја кисело млеко за доручек, ручек или пак за лесна вечера.Состојки:
1 литар млеко
1 лажица густ јогурт
Подготовка:
1. Млекото да се свари, внимавајте да не загори.
2. Вареното млеко претурете го во керамички или стаклен сад.
3. Оставете млекото да се олади на собна температура околу 30 минути.
4. Млекото треба да биде жешко, но не премногу. Проверете со малиот прст и ако можете да го држите малиот прст во млекото и да изборите до десет, тогаш е подготвено.
5. Во помала чинија ставете 1 лажичка јогурт, додадете малку млеко и сѐ добро промешајте.
6. На млекото, кое го претуривте во садот, ќе се фати кајмак. Малку поместете го со лажичка, па внимателно претурете ја „мајата“ и измешајте со лажичка под кајмакот. Не е страшно и ако го измешате и фатениот кајмак.
7. Покријте со пластична фолија и издупчете неколку дупки со чепкалка.
8. Обвиткајте со нешто топло и оставете да отстои 6-7 часа или најдобро преку ноќ.
9. Одвиткајте внимателно и отстранете ја пластичната фолија за да не ви падне насобраната вода под фолијата во млекото.
10. Директно на киселото млеко ставете чиста газа или кујнска хартија, притиснете нежно за да се собере вишокот на течности, или фрлете ја хартијата и повторете го овој чекор уште еднаш.
11. Покријте со чиста проѕирна фолија и оставете во фрижидер да се олади.Состојки:
1 литар млеко
1 лажица густ јогурт
Подготовка:
1. Млекото да се свари,

Пронајдете не на следниве мрежи: