Средба меѓу навивачите, ФФМ и МВР

Во обид да се изнајдат решенија за проблемите кои се појавуваат на спортските натпревари на иста маса седнаа претставници на навивачите, на ФФМ и на МВР. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска посочи дека низ дискусијата се дошло до одредени заклучоци и сугестии од страна на навивачките групи, кои се прифатливи за МВР.
” Процесот на организација од страна на спортските клубови, во смисла на подобра координација со министерството како институција која е поискусна, во делот за проценката на бројот на обезбедувачи од приватни агенции или редари, што може да придонесат за поголема безбедност, односно создавање на услови каде МВР не би ни имало потреба да реагира. Конструктивна беше и сугестијата да се специјализираат полициски службеници по однос на спортската проблематика” – изјави министерката.

Претседателот на ФФФ, Илчо Ѓорѓиевски потврди дека средбата е големо значење, со цел подобрување на безбедностата состојба и враќање на навивачите на трибините. 
Статистиката на спортските терени во текот на оваа година говори дека од 34 инциденти, 19 се во Скопје, па следуваат Битола, Штип, Охрид и Тетово. Регистрирани се и повеќе кривични дела и поднесени се 12 кривични пријави.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска посочи дека низ дискусијата се дошло до одредени заклучоци и сугестии од страна на навив

Пронајдете не на следниве мрежи: