Средба на Спасески со легендата на македонското борење Шабан Трстена

Денес, директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Шабан Трстена, носител на златна и сребрена медалја од Олимписките Игри и еден од легендите на македонското борење.Цел на средбата беше размена на идеи и предлози во делот на развојот на македонското борење.Директорот Спасески на средбата со Трстена истакна дека легендите на македонското борење како Шабан Трстена се потребни да бидат целосно вклучени во овој спорт како од стручен аспект така и со искуството кое досега го имаат стекнато.
„Долго време македонското борење беше резултатска перјаница и спорт за восхит и пример за останатите спортови. Време беше борењето да го вратиме во целиот свој сјај и да го зацврсти приматот на спорт по кој Република Македoнија е позната во светот.Токму денешната средба со Шабан Трстена, легендата на македонското борење, е во насока да размениме предлози и идеи за развојот на македонското борење кој е еден од најтрофејните македонски спортови. Честа е огромна што заедно со Трстена заклучивме дека потребно е вклучување на сите поранешни борачи и стручњаци и враќање на старите патеки на овој спорт”- истакна Спасески.
Шабан Трстена се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и истакна дека институцијата успеала лично да му се заблагодари за сите успеси кои ги има направено во својата кариера со тоа што спортската сала која е изградена од Агенцијата за млади и спорт во Чаир е крстена по негово име и додаде дека лично ќе се заложи да го врати борењето на старите патеки.Директорот Спасески на средбата со Трстена истакна дека легендите на македонското борење како Шабан Трстена се потребни да бидат целосно

Пронајдете не на следниве мрежи: