Стефан Димитров

„Долг на секој Македонец, било тој да е интелигентен, прост, богат или сиромав, е да жртвува сѐ пред олтарот на татковината!“Стефан Димитров (1875 – 27. IV 1905), познат како Вардарски, бил учител и македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Поради својата револуционерна дејност бил осуден на 7 години робија, а по амнестијата, во 1903 година бил во четата на војводата Апостол Терзиев. По Илинденското востание бил назначен за велешки околиски војвода. Загинал во борба со српските чети кај селото Папрадиште, Велешко. Во едно писмо до своите родители тој запишал: „Долг на секој Македонец, било тој да е интелигентен, прост, богат или сиромав, е да жртвува сѐ пред олтарот на татковината!“
Стефан Димитров е роден во 1875 година во леринското село Зеленич. Со основно образование се стекнал во родното село, а гимназија завршил во Пловдив. Потоа студирал математика на Софискиот универзитет, но 1900 година ги прекинал студиите и станал учител во Кукушкото трикласно училиште.
Уште како ученик Стефан Димитров со жив интерес го следел македонското ослободително дело. Пред да го напушти софискиот университет и оди за да го исполни својот долг кон поробена татковина, во проштална писмо до родителите, Димитров ќе напише: ” Долг на секој Македонец, било тој да е интелигентен, прост, богат или сиромав, е да жртвува сѐ пред олтарот на татковината! Затоа јас решив да поднесам тешкиот, но славен Исусов Крст. . .“
Додека учителствува во Кукуш, Стефан влегува во редовите на Македонската револуционерна организација, ТМОРО. Во мај 1901 година за време на Солунската афера Стефан Димитров бил уапсен од турските власти. Поради револуционерна дејност бил осуден на седум години робија во Подрум Кале. Меѓутоа, по Илинденското востание, по повеќе од две години поминати во турските зандани,  во 1903 година бил амнестиран.
По амнестијата Стефан Димитров влегува во четата на ениџевардарскиот војводата Апостол Терзиев. Во пролетта 1904 година, Македонската револуционерна организација го назначува велешки околиски војвода, на местото на убиениот Никола Дечев, со надеж дека ќе го зајакне овој револуционерен реон од огромно значење за Организацијата.
По доаѓањето во Велешко, Стефан со голема упорност работи за да ја оправда довербата. Тој бара начин за да го осигура каналот  на Организацијата и да го направи Велешкиот крај еден од најдобрите организациони реони.
Од 2 до 5 мај 1904 година, војводата Стефан Димитров учествува на Прилепскиот конгрес (познат како Подвижен конгрес), организиран од Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Пере Тошев и Ѓорѓи Поп Христов. На конгресот на кој учествувале повеќе раководни лица од битолскиот округ како Даме Груев, Ѓорче Петров, Патар Ацев, Георги Пешков и други,  се расправало за возобновување на Организацијата и нејзиното дејствување по Илинденското востание.
Меѓудругото, покрај разговорите за возобновување на востаничките реони, на конгресот се разговарало како да се спречи дејствувањето на страната вооружена пропаганда која почнала да зема се поголем замав. По завршувањето на Конгресот, Стефан Димитров се вратил во Велешко каде влегол во расправија со пристигнатиот војвода Иван Наумов – Алабакот, приврзаник на Борис Сарафов,  која потоа ќе се одрази на велешката организација.
Едно од решенијата кое произлегува од Прилепскиот конгрес било преземање на решителни мерки против вооружените пропаганди на соседите. Спроведувајќи ги задачите на организацијата, Стефан Димитров  на 23 декември 1904 година влегува со четата во Башино село и го егзекутира србоманскиот четнички војвода Наце Јанкович.
Стефан Димитров учествувал и на Скопскиот конгрес, окружен конгрес на Скопскиот револуционерен округ, кој се одржал од 2 до 7 јануари 1905 година, над кратовското село Кнежево, во Осоговската планина. На овој конгрес на кој меѓудругите учествувале Ефрем Чучков, Атанас Бабата, Крсто Б’лгаријата и Тодор Александров, се разгледувале главните прашања како што е идното уредување на Македонската револуционерна организација.
Стефан Димитров води бројни битки со српската воружена пропаганда. Во фебруари 1905 година, Стефан Димитров се судрил во селото Богомила со србоманскиот војвода Григор Соколов – Ламев (Григор Соколовиќ). Двете чети се повлекле без жртви, но борбите со вооружената српска пропаганда ќе продолжат. На 15 април, со помош на Ќамил Ага, кехаја на Теовскиот манастир, четата на Стефан Димитров ја разбила српската чета на Тренко Рујанов кај месноста Јавор, помеќу селата Бистрица и Црешнево.
Стефан се спомнува и во четничката песна „Српска ми труба затруби“ во која се опева борбата со просрпскиот војвода Јован Бабунски. Во неа, на барањето на Бабунски да се предаде, Стефан ќе извикне: „Не ти се предавам, вардарски ја сам војвода“
Стефан Димитров загинал на 5 мај 1905 година месност Орешки Ливади, Велешко, во борба со српската чета на Григор Соколов, помошник на просрпскиот четнички војвода Јован Бабунски.Стефан Димитров (1875 – 27. IV 1905), познат како Вардарски, бил учител и македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна орг

Пронајдете не на следниве мрежи: