Што ако наидете на машка „спонзоруша“ ?

Иако во историските книги и надворешните кругови се молчи за овој тип на човек, наидовме на една девојка, кој имаше храброст да сподели едно вакво искуство со нас …
„Денес, се повеќе пријатели се стекнуваат на Фејсбук отколку во живо. Така и јас пред една година запознав еден виртуелен пријател. Се допишувавме за разни работи и со тек на време стана многу заморно. Ми испраќаше на Фејсбук секакви глупости кои не се смешни дури ни за деца во основно училиште. На почетокот имав желба да реагирам на тоа, но подоцна ги надмина сите граници, и почнав да го игнорирам.
Во текот на летото, постојано ме прашуваше кога ќе пиеме кафе, бидејќи никогаш не сме зборувале лице в лице, па дојде време да се видиме во живо.
Студираме во ист град и кога почнавме со факс, ме повика на кафе, затоа што знаеше дека бев таму.
Првиот пат одложив, бидејќи не бев расположена, па реков дека имам за учење. Ми стана непријатно што цело време го одбивам кафето со него. Си реков, ништо нема да ми се случи ако изгубам еден час или два. Следниот ден се сретнавме. Отидовме до блиското кафуле, седнавме, нарачавме и разговаравме. Дури и не беше толку здодевно, всушност, разговорот беше пријатен. Состанокот беше чисто пријателски, така што не забележував никакви предности или недостатоци кај него, бидејќи не ме интересираше. Ни најмалку.
Кога ни здодеа од седење, се спремивме да си одиме секој по дома. Тој стана, го облече палтото, шалот и си ги собра неговите работи. Беше побрз од мене, ја напушти нашата маса, додека јас сеуште се подготвував. Се движеше бавно и застана на шанкот да ги прелиста дневните весници.
Спремајќи се, забележав дека сметката ја оставил под пепелникот. Помислив дека можеби ќе плати без сметка. Гледам во него, а тој сè уште стои на исто место.
Ја земав сметката од масата, отидов кај келнерот и платив. Кога се вратив, тој ме чекаше како кога девојка го чека нејзиното момче да ја плати сметката.
Значи, тој се направи на луд. Не стануваше збор за парите, но непишано правило е дека момчињата плаќаат пијалок, а особено ако тој тоа го нарекува прв состанок. За среќа, го земав новчаникот со себе, а уште поголема среќа беше што не ме повика на вечера.
По извесно време, разговарав со еден негов пријател и ми рече дека тој по природа е скржав, не дека нема, има но не дава. Се разбира, како типична жена, ова им го раскажав на моите пријателки кои веднаш го нарекоа „машка спонзоруша“. Да не заборавам – не се ни заблагодари, нити па ми се јави после тоа. Се надевам дека ќе умре од срам“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Иако во историските книги и надворешните кругови се молчи за овој тип на човек, наидовме на една девојка, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: