Што доколку парите немаа материјална вредност? Ова видео мора сите да го погледнат

Најверојатно постојано го слушате ова прашање: „Доколку парите немаа вредност, што ќе правевте со својот живот?“ Но, слушањето на ова прашање повеќе пати не го прави помалку валидно. Постои длабока вистина во основата на овие зборови, кои многумина од нас ги игнорираат, но сепак импликацијата на нивното значење е огромна.Можеби сте млада, возбудена личност и штотуку почнавте да работите или пак можеби сте дел од постарата генерација која работи подолг период, прашувајќи се „Како стигнав до тука?“. Или пак можеби сте некој кој веќе го сака она што го прави. Во секој случај, доколку редовно се прашувате себеси што би сакале да правите од својот живот доколку парите повеќе немаат моќ, тоа  може да биде  моќна алатка.Зошто  не направите некои само- анализи? Но, прво слушнете што има да каже Алан Ватс во врска со оваа тема, кој сигурно правилно ќе ве насочи на правилно размислување во врска со оваа тема.

Оваа вежба е прилично едноставна, исто како што укажува прашањето. Кога ќе ги одговарате овие прашања, важно е да одите подалеку од оние работи кои на некој начин веќе сте научени дека се работите кон кои треба да се стремите. На пример да се откажете од идеите за „успех“, пари, материјални добра, слава и слично, и наместо тоа да гледате како што вели Алан- доколку парите не беа важни и можат да направат било што во моментов… што би било тоа?
Не грижете се за кариерата или работата во моментов, само почнете со тоа што би сакале. Потоа размислете за она што сметате дека можете да го допринесете за една личност или цела заедница. Подучувајќи ги другите, придонес во проект,  доведување радост за други се примери на начини на кои можете да допринесете за светот.

 
Сега земете лист хартија и напишете:
„Што уживам да правам? Што ме возбудува?“
„Како би изгледал мојот идеален ден доколку би правел што сакам?“
„Која е мојата идеална професија? Како изгледа?“
Кои се моите омилени хобија или работи кои сакам да ги правам?“
Кога ќе почнете да одговарате некои од овие основни прашања, навлегуваме во подлабоки теми:
„Зошто ми се допаѓаат овие работи кои уживам да ги правам?“
„Зошто се тие интересни за мене?“
Ова  ве тера да размислувате за себе и работите во кои уживате. Ова е клучот, бидејќи ви помага да ги изолирате елементите од оние активности кои се важни за вас. Тогаш можете да го искористите тоа знаење за да ги пронајдете или вклучите тие работи во различни задачи. Затоа понекогаш навистина треба да „ги засладите малите нешта“. Понекогаш тие мали детали ја прават работата навистина убава, или навистина ужасна.
На крај, важно е да учествувате во активности кои ќе ви донесат радост, па дури и доколку се работи за само неколку часа неделно. Исто така е важно да не се потресувате за самиот процес. Загриженоста дека нема да  можете да ја најдете својата личност или цел нема да ви помогне да успеете да ја најдете. Забавувајте се со оваа игра. Исто така, одговорот може да се смени после една или пет години. Нормално е да растеме и да се менуваме.Можеби сте млада, возбудена личност и штотуку почнавте да работите или пак можеби сте дел од постарата генерација која работи подолг период, прашув

Пронајдете не на следниве мрежи: