Што е тоа Life coach?

Многумина не знаат што означува терминот животен тренер или life coach и во какви ситуации во животот може да помогне. Обично го поистоветуваат со терминот психолог, разликата е што психологот навлегува во минатото, додека животниот тренер фокусиран е исклучиво на иднината.Life coaching не е терапија, ниту пак советување. Целта на life coaching-от е да ви помогне да од моменталната состојба во која се наоѓате, дојдете до состојбата која ја посакувате. Задачата на животниот тренер е да ви помогне да го живеете животот исполнето, позадоволно и порационално.
Луѓето многу често се ограничуваат самите себеси и ги намалуваат своите потенцијали. Често слушаме изговори од типот: „Тоа е судбина, што да правам, не може секој да биде успешен“, „Животот е тежок“, „Јас немам среќа во животот“ и многу други размислувања кои ги блокираат и оддалечуваат од самите себе, но за среќа ситуацијата може да биде многу подобра дури и одлична.
Целта на овој процес е да овозможи личен развој и актуализација на сите потенцијали на личноста, преку учење на нови креативни и функционални облици на размислување, однесување и емотивно реагирање. На овој начин личноста се оспособува да ја смени перцепцијата на гледање на проблемите и на тој начин самата личност, без наметнување на туѓи решенија од страна, го пронаоѓа своето решение. Покрај решавањето на проблемите личноста се здобива со вештини за мотивирање, планирање, донесување на одлуки без одложување, управување со времето, конструктивна комуникација… кои што ги применува како во работата, така и во приватниот живот.
Благодарејќи на разните техники на освестување, животниот тренер на клиентот може да му го поедностави животот, да му укаже дека може да размислува и на друг начин, да го заврши процесот на растење и созревање, да го мотивира да ги постави и достигне своите највисоки цели и најважно од се, да му помогне да се соочи со стравот од донесување на важни одлуки. Животниот тренер поставува рокови за превземање на одредени чекори, кои што се потребни за да се достигне целта и често го поставува прашањето: Кога ќе го сторите тоа? На тој начин го мотивира клиентот, а од друга страна постојано го бодри и поддржува во остварувањето на своите цели. Животниот тренер не наметнува свое мислење за решавање на проблемите на клиентот, туку со освестување на одредени работи во начинот на размислување, го тера самиот да дојде до своите одговори.
Разлика помеѓу животен тренер и пријател или роднина
Една од главните причини за посета на животен тренер е дека животниот тренер за разлика од пријателот или роднината, нема никакви емоции нити било што го врзува за вас. Поради тоа, животниот тренер е до крај искрен и објективен, дури и во ситуации кога треба да ви ја каже непријатната вистина, што не е случај со пријателите и роднините. Од друга страна, главна цел на животниот тренер е да успее да ја подигне вашата визија на највисоко ниво, што не е случај со пријателите и роднините кои даваат најдобронамерни „совети“,односно незнаејќи го наметнуваат своето мислење, кое се базира на нивната спремност за некој вид промена.
За кого е наменет?
Life coaching е наменет за сите оние кои би сакале да се посветат на својот личен развој, сите оние кои сакаат да превземат лична одговорност над својот живот, земајќи ги во предвид околностите во кои се наоѓаат и оние кои сакаат да креираат најдобри решенија за себе. Посебно е погоден за личности кои се наоѓаат на некои животни пресвртници, кои имаат премногу стрес во својот живот, кои не можат да се соочат со секојдневните проблеми и сакаат да работат на својот личен раст и развој.
ПРОБЛЕМОТ Е ЕДЕН, А РЕШЕНИЈАТА ЗА ТОЈ ПРОБЛЕМ СЕ СЕКОГАШ МНОГУБРОЈНИ
Пишува: Илина Чичевска-Life coachLife coaching не е терапија, ниту пак советување. Целта на life coaching-от е да ви помогне да од моменталната состојба во која се наоѓате, дојдете

Пронајдете не на следниве мрежи: