Компанијата LG Electronics ги претстави новите модели на своите мобилни уреди на Конгресот за мобилна телефонија (MWC) во Барселона, како и своите планови за 2014 година.Меѓу новитетите на оваа компанија, на саемот во Барселона се најдоа и два нови смарт телефони со G ознаката, LG G мини и LG G Pro 2, потоа третата генерација од L серијата на телефони, како и други бројни кориснички решенија како Knock Codeопцијата за заклучување и отклучување на телефонот.
„Многу ни е важно не само нашите мобилни телефони на корисниците да им пружаат највисоко ниво на перформанси, туку и останатите наши производи да бидат доследни на таа идеја”, рече др Jong-seok Park, претседател и генерален директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications. „Не смееме да го изгубиме од вид фактот што речиси четвртина од луѓето на светот користат смарт телефони. Токму поради тоа, нашата линија на производи за 2014 година ќе биде збогатена со уреди со единствено корисничко искуство кое ќе им се допадне на поголемиот дел од корисниците.”
Со оглед на тоа што неодамнешните истражувања покажаа дека корисниците ги отклучуваат своите смарт телефони повеќе од 100 пати дневно, компанијата LG на новите модели ја воведе Knock Codeопцијата,која е развиена од некогашнатаKnockONфункција. Оваа опција им овозможува на корисниците да ги отклучуваат и заклучуваат своите смарт телефони со едноставна постапка, со внесување личен облик или шема преку екранот на телефонот. Knock Codeнуди поголема сигурност бидејќи шемата се внесува на исклучен екран со користење од два до осум потези, овозможувајќи на тој начин повеќе од 80.000 можни комбинации. Што е уште поважно, Knock Code шифрата може да се внесе на кој било дел од екранот така што потребната комбинација може да се внесе и со една рака.
Повеќе на GSM.mkМеѓу новитетите на оваа компанија, на саемот во Барселона се најдоа и два нови смарт телефони со G ознаката, LG G мини и LG G Pro 2, потоа третата