Што се би направиле девојките за убавина?

Жените ќе послушаат било каков совет, колку и да изгледа тоа бесмислено, само за да изгледаат што поубаво.
Со цел да го елиминираат целулитот, девојките нозете ќе ги тријат со зрнца кафе, забите ќе ги избелат со помош на сода бикарбона. За сјајна коса ќе употребат живо јајце или пиво, а со пастата за заби ќе ги излекуваат убодите од инсекти.
Спиење со чорапи полни со хидрадантна крема и четкање коса со пудра за бебиња исто така се чести појави кои девојките ги прават за убавина.
Спроведено е едно истражување, чија цел била да се дознае кои алтернативни методи за убавина најчесто ги користат жените. За младолик изглед  испитаниците препорачале многу вода, сок од брусница и млеко,
Неконвенционалните совети вклучуваат и триење со јагоди по лицето, за да се намалат пегите, па додавање на шеќер во сапунот за да се направи подобар пилинг.

Борбата со борите, можат да ја добијат доколку спијат на грб, исклучиво на свилени навлаки за перница.
Една од петте анкетирани жени смета дека „одењето под нож“ е залудна работа. На прашањето кој е клучот за вечната младост, три четвртини од нив одговориле дека тоа е здравата исхрана, две третини сметаат дека тајната е во пиењето големо количество вода, а 57% сметаат дека се е до гените. Некои од нив сметаат дека треба секојдневно да се грижите за вашиот изглед, а други како правило број еден го наведуваат вадењето на шминката од лицето пред спиење.
Жените кои тајната на вечната младост ја гледаат во здравата исхрана, првенствено ги издвоиле брокулата и рибата. Две третини од жените сметаат дека советите за козметичките производи се контрадикторни и збунувачки, додека 10% велат дека таквите производи воопшто не им помогнале.
Во секој случај експертите препорачуваат здрави секојдневни навики, пез оптоварувања за најновите козметички трендови за убавина, без оглед на тоа дали се работи за домашна или друга козметичка индустрија или естетска хирургија.Жените ќе послушаат било каков совет, колку и да изгледа тоа бесмислено, само за да изгледаат што поубаво.

Пронајдете не на следниве мрежи: