Странските туристи и бројот на ноќевања во Република Македонија

Преземените мерки, политики, како и реализираните конкретни проекти за изградба на модерна туристичка инфраструктура и промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во странство ги даваат посакуваните резултати.Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола направи анализа за број на странски туристи и ноќевања на странските туристи во РМ.
Согласно официјалните податоци од Државниот завод за статистика бројот на странските туристи во 2006 година изнесувал 202 357 и секоја година бележи постојан раст за во 2015 година достигне бројка од 485 530 странски туристи што е зголемување за повеќе од двојно во последните 10 години. Рекорден број на странски туристи кои ја посетија Република Македонија придонесе да имаме и рекорден број на ноќавање на странските туристи и тоа од 442 845 ноќевања на странските туристи во 2006 година тој број да се зголеми на повеќе од двојно во 2015 година со што имавме 1 036 383 ноќевања на странски туристи во сместувачките капацитети кои дополнително придонесоа за раст и развој во инвестициите во секторот туризам.
За тоа во колкав број странски туристи ја посетуваат Македонија доволно говорат последните објавени резултати на Државниот Завод за статистика за бројот на туристите и ноќевањата во првиот квартал од годината. И покрај политичката неизвесност и наметната политичка криза во периодот јануари- април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.9%, а кај странските има зголемување за 12.5%.
Исто така во периодот Јануари-Април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%.
Додека во периодот Јануари-Април од 2002 – 2006 година за 4 години според Државниот завод за статистика имаме 148 594 странски туристи и 299 650 ноќевања на странските туристи, а само во 2016 година во периодот Јануари–Април имаме 111 299 странски туристи и 207 328 ноќевања на странските туристи. Странските туристи не потклекнаа на деструктивните политики и црните сценарија на СДСМ и шарените револуционери со што само за една година ја посетуваат и престојуваат во Македонија странски туристи речиси колку во четирите години на нивно владеење.
Субвенциите за тур-операторите, евтините авиобилети до Македонија воведени преку Виз-ер, намалувањето на ДДВ за угостителските услуги за сместување, изградбата на модерните плажи, пешачките патеки околу езерата и засилената промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми се само дел од мерките кои овозможија постојан раст на туризмот.Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола направи анализа за број на странски туристи и ноќевања на странските туристи во РМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: