СТРАШНО: Го убил својот брат затоа што мислел дека е лик од видео-игра!

Коди Мецкер-Мадсен (18) од сојузната држава Ајова во САД е обвинет за убиството на своето 5-годишно полубратче Доминик Елкинс.За време на судењето тој изјавил дека го сменил реалниот свет со фантазијата под влијание на компјутерска игра.
Трагедијата се случила уште минатата година, кога тинејџерот со метална шипка до смрт го претепал својот брат кој си играл во дворот, а потоа го удавил во базенот, пишува „Дејли Мејл“. 
Пред судот момчето рекло дека „живеел“ во играта, чија приказна почива на римската митологија и продолжил да биде „во својот свет“ се до моментот кога го обвиниле за убиство.
Коди тврдел дека наместо своето братче гледал „зелен грд гоблин“, на кого му го смачкал лицето, а телото му го фрлил во амбис.
Како сведок на сослушувањето се појавила и биолошката мајка на Мецкер-Мадсен, на којашто ѝ било одземено родителското право. Таа изјавила дека земала наркотици кога била бремена, а нејзиниот син во детството бил затворен и имал „многу имагинарни пријатели“. 
Во моментов Коди се наоѓа во изолација, бидејќи неговата одбрана инсистира на непресметливост.За време на судењето тој изјавил дека го сменил реалниот свет со фантазијата под влијание на компјутерска игра.
Трагедијата се случила уште

Пронајдете не на следниве мрежи: