Сања Сабљов (48) од Панчево преживеала крвнички напад од сопругот и тој кобен 5-ти март никогаш нема да го заборави. Се се одиграло пред нивните деца, ќерката од 14 и синот од 9 години.„Крвнички ме бодеше со кујнскиот нож по градите… Лицето му беше изобличено, како самиот ѓавол да влегол во него. И сега го слушам вресокот на моите деца, кои ме преколнуваат да издржам. Преживеавме ужас и стравот не не напушта“
Вака ја започнува својата исповед Сања од Панчево, мајка на две малолетни деца, на која невенчаниот сопруг Иван К. (41) ѝ нанел 11 убоди со нож. Сања и Иван биле во вонбрачна заедница 17 години, имаат две деца- 14- годишна ќерка и 9- годишен син. Животот на Сања ѝ го спасиле свекорот и докторите, а Иван по нападот бил уапсен и сега се наоѓа во притвор.
„Животот со Иван беше пекол бидејќи постојано не тепаше. Го напуштав, но постојано ме враќаше со плачење, молби и лажни ветувања, а немав каде“, вели Сања.
Таа под брадата има белег долг 15 см и најверојатно крвникот ќе ја заколел доколку ја удрел само неколку сантиметри пониско.
„Бев на кревет, а до мене децата. Скокна на мене, не можев да се помрднам. Потоа следуваше серија убоди. Во градите. Очите му беа ококорени, изгледаше како ѓавол. Додека острицата од ножот пробиваше низ кожата и месото го удирав, не можев ни глас да пуштам од шокот. Низ главата ми мина: Тоа е тоа, крај. Помислив дека ќе умрам. А потоа од канџите на смртта ме спасија децата. Го слушнав нивното врескање. Велеа- Остави ја. Мамо издржи, те молам“.„Крвнички ме бодеше со кујнскиот нож по градите… Лицето му беше изобличено, како самиот ѓавол да влегол во него. И сега го слушам вре