Таен договор меѓу Австрија и Грција за поделба на Македонија

„Le courrier des Balkans, весник кој излегува во Рим и кој постојано ги спречува Австриските махинации на Балканскиот Полуостров, донесе сензационална вест, дека меѓу Австро-Унгарија и Грција е склучен таен сојуз за поделба на Македонија.„Le courrier des Balkans, весник кој излегува во Рим и кој постојано ги спречува Австриските махинации на Балканскиот Полуостров, донесе сензационална вест, дека меѓу Австро-Унгарија и Грција е склучен таен сојуз за поделба на Македонија. Сојузот е склучен во декември 1903 година во Виена, за време на посетата на грчкиот крал Ѓорѓи на царот Фрањо Јосип. Договорот го потпишал и грофот Голуховски. Со овој договор Австрија и признава право на Грција сфера на влијание се до Драч, односно на целиот јанински вилает и еден дел на битолскиот вилает. Грција од своја страна и признава на Австрија влијание на цела Стара Србија и Македонија се до Солун. Овој уговор би важел доколку се распадне Отоманското царство“ – пренесува белградска Политика од 26.05.1906 година.
Еден од најголемите проблеми што ја оптоваруваше надворешната политика на Австро-Унгарија претставуваше одредувањето на идниот однос на силите по евентуалниот распад на Отоманската империја. Не само за Австро-Унгарија, туку и за останатите големи сили, се повеќе стануваше јасно дека најголемата опасност за европскиот мир произлегуваше од судирот на австро-унгарско-руските интереси на Балканот и Протоците. Токму од тие причини во последното десетлетие на 19 век Австро-Унгарија беше во постојана потрага по сојузник што би ја поддржал во тој евентуален судир, иако стануваше се поочигледно дека најдобро решение е договор со самата Русија.
Русија, од своја страна пак, со оглед на фактот што своето влијание се повеќе го насочуваше кон Далечниот Исток, посакуваше, за одредено време, замрзнување на балканското прашање што можеше да се постигне единствено во договор со Австро-Унгарија. Истовремено, турските успеси во војната со Грција (1897), покажаа дека со политиката на status quo на Балканот се уште не е свршено. Токму затоа, австро-унгарскиот император и министерот за надворешни работи ги отфрлија плановите за поделба на балканските држави на зони на влијанија со можност Македонија да добие автономија и продолжија да играат на картата на status quo.
Мотивите што доведоа до склучувањето на Тројниот сојуз, склучен во 1882 година во Виена меѓу Германија, Австро-унгарија и Италија, беше натамошната распределба на светот. Исто така, тоа влијаеше во текот на 1902 година да се склучи и четвртиот договор (Берлин, 28 јуни 1902 г). Во фазата на неговото подготвување Италија бараше во него да се внесат појасни обврски против Франција и Русија во однос на Медитеранот, како и да се инкорпорираат договорените обврски помеѓу Австро-Унгарија и Италија од 1900 година. Имено, двете влади се согласија во случај на распад на Отоманската империја заеднички да работат на создавање на поголема албанска држава.
Меѓутоа, изнесениве италијански барања не беа прифатливи за Австро-Унгарија. Нејзиниот министер за надворешни работи сметаше дека алијансата има пред се цел зачувување status quo-то, а не да се занимава со можниот развој на настаните. Сепак, со цел да се постигне продолжување на договорот, Австро-Унгарија, прифаќајќи компромисно решение, упати декларација до Италија со која се согласува, последнава да има одврзани раце во Триполитанија во случај на колапс на Отоманската империја.
Но, Илинденското востание не само што ги покажа слободарските тежненија на македонскиот народ, туку истовремено претставуваше и протест против палијативните мерки што ги преземаа големите сили за подобрување на неговата положба. Текот на настаните во Македонија, револтот на европската јавност, предизвикана од начинот и методите со кои отоманската војска се пресметуваше не само со востаниците туку и со мирното население, како и влошувањето на бугарско-турските односи, придонесе Концертот на големите сили преку своите две најзаинтересирани сили Австро-Унгарија и Русија да и достави на Портата нота во која беше содржана програма за воведување на реформи во Македонија. Нотата, претставува продолжение на традиционалната австро-унгарско-руска политика кон Балканот, односно залагање за зачувување на територијалниот status quo. Составен дел на оваа политика претставуваше и залагањето преку воведување на реформи во трите македонски вилаета да се елиминира делувањето на Mакедонската револуционерна организација.
Меѓутоа, целосната окупираност на Русија со проблемите на Далечниот Исток, посебно судирот на интересите со Јапонија, како и натамошното влошување на состојбата во Македонија, придонесе низ европските, но и балканските престолнини, да бидат се поприсутни гласовите дека Австро-Унгарија војнички ќе интервенира во Стара Србија и Македонија.
По ваквите гласини, кои беа сериозно примени, турската влада започна да размислува за сојузништво на балканските држави против Австро-Унгарија. Разговорите што во таа смисла се водеа помеѓу Србија и Турција не дадоа конкретен резултат, бидејќи Русија изврши притисок во Белград, но и Германија ја убеди Турција дека нема да прифати непријателско однесување на Австро-Унгарија. Во меѓувреме истоветни разговори се водеа и меѓу Србија и Црна Гора, со планови кон тој сојуз да се приклучат Бугарија и Грција. Сепак од сето тоа единствен резултат, претставуваше српско-бугарскиот таен договор (Белград, 30 март 1904 г.).
Сериозноста на внатрешните проблеми во Австри-Унгарија, како и настаните на Балканот ја принудуваше Австро-Унгарија се поинтензивно да работи на негување на добрите односи со Русија, но и да припрема други алтернативи. Изјавата на рускиот император дадена на австро-унгарскиот воен аташе на 28 февруари 1904 година дека тој има целосна доверба во Фрањо Јосиф и дека нема да се двоуми ни за момент, ако треба, да ги повлече војските од западната граница за да ги упати на Далечниот Исток, австро-унгарскиот амбасадор во Петроград, Ерентал ја искористи за вршење на пресија врз министерот за надворешни работи Голуховски, за склучување на договор за взаемна неутралност  (Ст. Пешербург, 2/15 октомври 1904 г.). Како главен аргумент беше истакната потребата, во случај на евентуална војна со Италија, за Тирол, да се повлечат австриските војски од Галиција.
Од друга страна, Австро-унгарско-руската антанта од 1897 година, како и нивното мандаторство во спроведувањето на реформите во трите македонски вилаета не беа следени благонаклоно во Рим. Италијанско-австро-унгарскиот судир на интересите околу Албанија и покрај серијата на договори со кои двете страни се обврзуваа да го чуваат status quo-то, а ако тоа е неможно Албанија да добие автономија, постојано ја принудуваа италијанската влада да се обидува да се изедначи во правата, во однос на Балканот, со Австро-Унгарија и Русија. Ова посебно се однесуваше на Албанија, за која кабинетот во Рим предлагаше спонзорирање на иста шема каква што беше австро-унгарско-руската во Македонија. Сепак, позицијата што Италија ја имаше во Концертот на големите сили не придонесуваше овие нејзини идеи да наидат на посериозен прием во Виена. Сличен беше и односот на руската влада.
Имено, иницијативата што во текот на 1902 година ја покрена италијанската дипломатија за заобиколување на австро-унгарско-рускиот договор, со сепаратен италијанско-руски договор во Петроград не наиде на одговор. Од тие причини италијанската политика во однос на Балканот може да се дефинира како “следење во чекор” на Русија и Австро-Унгарија со што се добиваше впечаток на “троен акорд”.
Незадоволна од позициите на Балканот, како што пренесува белградска Политика од 26 мај 1906 година, римскиот весник Le courrier des Balkans со цел да стави крај на Австриските махинации, објавува сензационална вест, дека меѓу Австро-Унгарија и Грција е склучен таен сојуз за поделба на Македонија. Сојузот, според римскиот весник бил склучен во декември 1903 година во Виена, за време на посетата на грчкиот крал Ѓорѓи на царот Фрањо Јосип, а Договорот го потпишал и грофот Голуховски. Со овој договор, како што вели весникот, Австрија и признава право на Грција сфера на влијание се до Драч, односно на целиот јанински вилает и еден дел на битолскиот вилает. Грција од своја страна и признава на Австрија влијание на цела Стара Србија и Македонија се до Солун. Тој уговор би важел доколку се распадне  Отоманското царство.“
Белград кој и самиот е заинтересиран за излез на море, внимателно ја следи разврската на Балканот. Во истиот број белградскиот весник ќе забележи дека: „Македонското Славјанско Добротворно Друштво решило еднострано, да изработи забрана за Грците да собираат пари во Русија за помагање на својата четничка акција во Македонија. Покрај тоа, тоа решило, да агитира во корист на ревизијата на Берлинскиот договор, по што Македонија би добила автономија, а Босна и Херцеговина би припаднала на Србија“.
Прашувајќи се дали тие чекаат некој друг да им го реши босанското прашање, тие веќе наредниот ден го коментираат тајниот договор меѓу Австро-Унгарија и Грција. Во текстот под наслов „Австрија и Грција“, весникот во врска со нивниот договор пишува:
„Вчера донесовме краток извод од важното соопштување, кое римскиот весник Le courrier des Balkans го направи за тајниот договор меѓу Австрија и Грција. По се изгледа, дека тоа не е само  обична новинарска комбинација, туку дека има нешто тука. Дека тоа е така, доказ е и тоа, што тој римски весник очигледно е во врска со италијанската влада.
Во декември 1903 година, за време на посетата на грчкиот крал Георги во Виена, склучен е, вели весникот, таен договор меѓу Австрија и Грција за поделба на Балканскиот Полуостров. Грција би го добила Западниот дел на Полуостровот, се до Драч и еден дел од битолскиот вилает, а Австрија Стара Србија и цела останата Македонија се до Солун. Во мирно време тоа би било поделба на сфери на интереси, а во случај на распаѓање на Отоманското царство тоа би била дефинитивна поделба. Грците дарежливо ја даваат цела Стара Србија и Источна Македонија, се согласуваат дури да го дадат и Солун, а затоа Австрија ним кавалесрки им остапува сето друго останато што неа не им треба! Ортаците целосно го поделиле ќарот!
Само што тој ќар е сеуште многу далеку, а и поделбата исто така. Од времето кога тој договор е склучен. се сменила состојбата во Европа и на Балканот, и тоа на штета на Австрија. Руско-Јапонската војна ја заспа виенската дипломатија во убав сон дека сега Балканскиот Полуостров е отворен. Меѓутоа Мирцштешкиот договор им ги врза рацете, односно дека ништо неможат да превземат без Русите.
Италија пак, од своја страна, исто така бараше да обезбеди свое влијание на Албанското проморје и Австрија мораше да го прифати тоа. Одредбите на тој Австро-Италијански договор директно се спротивставени на одредбите од Австро-Грчкиот договор. И Австрија сега не може да направи ни најмал чекор на Балканот, а да не дојде во спротивност со Русија или Италија – за другите судири и да не зборуваме.
Затоа и тој Грчко-Австриски договор не може да има никаква практична вредност. Австриските конзули можат и понатаму да ги поддржуваат грчките барања во Македонија, како што и сега работат, воопшто можат да бидат наклонети на грчката пропаганда – сето тоа ништо не значи. Грците знаат што е турско тепање, па добро ќе внимаваат да не го гризнат тоа кисело јаболко, а Австрија ни сама, ни со Грција, не може денес да го оствари тоа, што пред две госини изгледало остварливо.“   – коментира белградска „Политика“   
Австриско – грчкиот таен договор директно се спротивставува на италијанските интереси во Албанија. Затоа таа ќе се спротистави и жестоко ќе ја критикува европската политика, особено големите сили, кои не успееја да го спречат пробивот и доминантното влијание на Австрија и Русија на Балканот, кои не само што се против создавање на македонска држава, туку тргнувајќи од сопствените интереси заборавија на постоењето на македонски народ и неговиот стремеж за создавање на сопствена држава.„Le courrier des Balkans, весник кој излегува во Рим и кој постојано ги спречува Австриските махинации на Балканскиот Полуостров, донесе сенз

Пронајдете не на следниве мрежи: