Татковинска прослава по повод канонизацијата на Мајка Тереза

По повод прогласувањето на скопјанката Мајка Тереза за светица, од 4 до 11 септември во Скопје ќе се одржи Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.Програмата за ова одбележување беше претставена на прес- конференцијата што денеска /26.08.2016 година/, токму на родениот ден на Мајка Тереза, се одржа во просториите на Град Скопје, а на која се обратија градоначалникот Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.
– Прогласувањето на Мајка Тереза за светица за нас е голема чест, затоа што како што е познато, таа беше родена во нашиот град. Почестени сме што можеме да го чествуваме нејзиното дело и да ја следиме и шириме нејзината хуманост. Градот Скопје е значаен сегмент на седумдневната манифестација „Денови на св. Мајка Тереза“. Особено ќе се вклучиме во обезбедувањето услови за одржување на централниот настан на 11 септември, кога ќе се одржи света миса за именување на светилиште на св. Мајка Тереза. За таа цел, Советот на Град Скопје донесе измена на програмата за култура на седницата одржана на 24 август годинава, со што се обезбедени милион денари за одбележување на овој значаен настан за историјата на Скопје, односно ќе се погрижиме за поставување централна бина и за сите други неопходни инфраструктурни елементи за централниот настан. Покровител на одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а се вклучени и општините во Градот Скопје, скопскиот бискуп Киро Стојанов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, Министерството за култура, Министерството за здравство, Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, Геронтолошкиот завод – Скопје и други институции што се дел од координативното тело за прославата „Денови на Св. Мајка Тереза“ – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.
Скопскиот бискуп, Киро Стојанов, објасни дека Скопје и средината од која потекнува Мајка Тереза биле клучни за нејзиниот развој во голема хуманистка. Бул. Илинден бр 82 1000 Скопје www.skopje.gov.mk. 26.08.2016 година
– Уште на 18-годишна возраст Мајка Тереза презема сериозен чекор и се одлучува за мисионерска дејност во Индија, меѓу најсиромашните, меѓу најзагрозените, започнувајќи ја својата хумана мисија што е пример за сите нас. Ако сакаме со два збора да го сумираме посветениот живот на Мајка Тереза ќе речеме – Бог и љубов – нагласи Стојанов.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, денеска појасни дека програма за Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одвива во тек на 7 дена и ќе опфати многубројни активности.
– Мајка Тереза ги обедини љубовта и хуманоста. Нашата сограѓанка, скопјанката Мајка Тереза токму од Скопје тргна кон Индија и ја почна својата хумана мисија. Скопје со гордост го чествува нејзиното дело. Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на градот стана многу важен културен сегмент, со најголем број посетители. Папата Франциск на 4 септември во Рим ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, а веднаш потоа во капелата во нејзината Спомен куќа во Скопје ќе се одржи свечена св. Евхаристија во чест на новата светица. Истиот ден, во 19:30 часот во црквата „Св. Станислав“ во Рим ќе се одржи изложба во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза. Седумдневното чествување по повод канонизацијата на Мајка Тереза ќе заврши на 11 септември со централен настан на плоштадот „Македонија“ – рече Божиновска.Програмата за ова одбележување беше претставена на прес- конференцијата што денеска /26.08.2016 година/, токму на родениот ден на Мајка Тереза, се

Пронајдете не на следниве мрежи: