Тава со печурки!

Добра идеја за неделниот ручек Состојки:
 400 г свежи печурки
 1-2 кромида
 250 г кашкавал
 2 лажици масло за готвење
 1 лажичка сол
 ½ лажичка црн пипер
 1 лажичка брашно
 30 г путер
 120 г павлака за готвење (со висок процент на масленост)
Подготовка:
1.Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парченца. И кромидот исечкајте го на ситни парченца. Кашкавалот изрендајте го.
2.На тава за пржење, загрејте масло и запржете го исечканиот кромид. Посолете и пржете се додека не се карамелизира кромидот.
3.Во тавата додадете ги исечканите печурки и динстајте ги околу 8 минути. Додадете лажичка црн пипер и тргнете ги од оган.
4.Во друг сад, на оган, ставете лажица брашно и запржете го. Додадете путер притоа константно мешајќи. Додадете ја и павлаката и мешајте се додека малку не се згусне.
5.Печурките префрлете ги во огноотпорен сад за готвење. Одозгора прелијте со претходно подготвениот сос и наросете со рендан кашкавал.
6.Печете на 200 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Сервирајте топли во комбинација со зеленчук, тестени или месо.Состојки:
 400 г свежи печурки
 1-2 кромида
 250 г кашкавал
 2 лажици масло за готвење

Пронајдете не на следниве мрежи: