ТЕВТОНСКИОТ ВИТЕШКО-МОНАШКИ РЕД ПОСТОИ И ДЕНЕС

Тевтонскиот ред Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, “Ред на германскиот дом на Света Марија Ерусалимска” Orden der Brüder vom Deutschen Haus St. Mariens in Jerusalem или  Deutscher Orden) бил третиот голем рицарски ред, кој бил основан во времето на крстоносните војни во Палестина по редот на јованистите (Малтешкиот ред) и редот на тампларитеТевтонскиот ред Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, “Ред на германскиот дом на Света Марија Ерусалимска” Orden der Brüder vom Deutschen Haus St. Mariens in Jerusalem или  Deutscher Orden) бил третиот голем рицарски ред, кој бил основан во времето на крстоносните војни во Палестина по редот на јованистите (Малтешкиот ред) и редот на тампларите
 Третиот крстоносен поход во текот на 1190 година германски благородници и трговци основиле братство во болница, и како главна цел им било грижата за ранетите и болните во време на едногодишната опсада на крепоста Сен Жан Дакар во Акра, Галилеја. Арапите го превзеле градот пред само три години (1187 година), но уште во 1104 година градот бил во рацете на крстоносците и претставувал главно седиште на витешкиот ред болничари.
Бидејќи крстоносците започнале да ги губат своите територии, пред се Ерусалим и Јафа, крепоста Сен Жан Дакар станала еден вид престолнина на крстоносците во Палестина се до 1291 година. Овде братството изградило болница и црквата “Св. Марија” (fratres domus hospitalis sanctae Mariae Teutonicorum in Jerusalem). Папа Селестин III на братството (21 декември 1196 година) му дал привилегии слични како и на другите редови. На големото собрание, кое се одржало во пролетта на 1198 година, германските рицари решиле братството да го преобразуват во витешки ред односно орден. Папа Инокентие III го признал новиот духовно-рицарски орден на 19 февруари 1199 година. Со издадената була и истоивремено му ги определил задачите: заштита на германските рицари, лекување на болни, борба со ривалите на католичката црква. Рицарите го добиле правото да носат бела мантија со црн крст. Папа Хонориj III ги ослободил тевтонските рицари од судската власт на местните епископи на 1 октомври 1218 г. На 9 јануари 1221 година, овој ред бил поставен на исто ниво како оној на јованистите и темпларите.
По поразот на Христијаните и падот на пристаништето  Акра во муслимански раце редот бил преместен во Трансилванија во 1211 година, се со цел да помогне во одбраната на Унгарија од Куманите. Во 1225 година биле протерани бидејќи сакале да се претпостават под папската а не под унгарската власт. Под раковотство на Херман фон Салец, овие витези ја нападнале Стара Прусија во 1226 година, а овој поход е познат како Пруска крстоносна војна. Кога нивното седиште било пренесено во Прусија, овие витези започнале походи и против соседните држави, Кралство Полска, Војводство Литванија и Република Новогород. Во времето на Наполеон Бонапарт, редот бил расформиран. За време на Првата светска војна, редот повторно бил обновен со седиште во Хамбург. Редот работи и до ден денес како здружение за доброволни цели.
Грбот на Тевтонскиот ред се состоил од црн крст, кој се наоѓал на бела позадина . Главното мото на Редот е  «Helfen — Wehren — Heilen» / “Помош – заштита – Лекување”.
Тевтонскиот ред Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, “Ред на германскиот дом на Света Марија Ерусалимска”&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: