Тодоров: Досега направивме голем број отстапки за да се реши кризата

Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори со цел да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза. Досега направивме огромен број отстапки и сите тие отстапки се само во функција на решавање на кризата, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза.-Ајде да видиме и денеска дали од другата страна ќе имаме поместувања. Ако има желба за договор очекувам да има договор, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.
Тој додаде дека имало направено определени отстапки од едната и од другата страна, а како што вели, во вакви преговори секоја страна смета дека таа најмногу отстапува и тоа мора да се преброди.
-Нормално ние викаме дека ВМРО-ДПМНЕ направила повеќе отстапки, а СДСМ ќе каже дека тие направиле повеќе отстапки, но сепак таква е ситуацијата да треба да се собере храброст и да најдеме едно заедничко решение. Ние направивме доста отстапки во тој правец. Очекуваме една отстапка сега во финалето на овие преговори и од страна на СДСМ, посочи Тодоров.-Ајде да видиме и денеска дали од другата страна ќе имаме поместувања. Ако има желба за договор очекувам да има договор, рече Тодоров одговарајќи н

Пронајдете не на следниве мрежи: