Токму поради овие неколку причини НЕ СМЕЕТЕ да ја пропуштите сезоната за костени

Питомиот костен претставува природен извор на енергија и здравје, кои ни се неопходни во текот на првите ладни денови. Дивите костени, иако не се за јадење, исто така имаат лековити својства.Постојат два вида костени – питом костен (Castanea sativa) и див костен (Aesculus hippocastanum). Питомиот костен е тој кој што може да се јаде, додека дивиот се употребува во медицински цели.
Плодовите на питомиот костен ја прочистуваат крвта и го јакнат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат многу енергија зашто содржат јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за јакнење на организмот, додека во средниот век плодовите на питомиот костен се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството. Познато е дека римскиот император Цезар, наредувал да се запалат сите шуми кои имале дрвја на костени на подрачјата кои што тој ги освојувал, само за да го уништи изворот на храна кај домашното население.
Исклучително е хранлив, содржи вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо, скоро сите групи на витамин Б. Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пире, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.
Листовите од костените се употребуваат за чај. Содржат дури 95% танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој помага при стопирање на крварењето зашто ги стеснува крвните садови. Во комбинација со мајчина душица ги лекува проблемите со респираторниот систем, го чисти организмот, помага при болките во грбот, дијарејата итн. Медот од костени е исклучително хранлив и лековит. Го лекува гастритисот и проблемите при варењето, го штити црниот дроб и ја подобрува циркулацијата на крвта.
Што се однесува на дивиот костен, неговите плодови не се за јадење, но се употребуваат во народната медицина. Сите делови од дрвото на костенот се лековити и се употребуваат при лекувањето на проблемите со вените и ревматизмот. Дивиот костен содржи есцин (сапонин), кој е заслужен за зацврстување на ѕидовите на капиларите и вените, делува диуретично и антивоспалително, го намалува отокот на лимфата и помага кај кожните заболувања.

Од плодовите е позната тинктурата за проширени вени, проблемите со циркулацијата, болките во коските, зглобовите, грбот; цветовите исто така се употребуваат при изработка на тинктура за лекување на ревматски тегоби, гихт, артритис и неуралгија; а од пупките се прават и познатите Бахови цветни капки кои наводно помагаат при учење, концентрација.Постојат два вида костени – питом костен (Castanea sativa) и див костен (Aesculus hippocastanum). Питомиот костен е тој кој

Пронајдете не на следниве мрежи: