Топ трендови на маникир за 2013 година

Дали сте подготвени да го прифатите предизвикот на вашите нокти?
Смели принтови
Како што велиме: “Среќата ги прати храбрите!” Експертите препорачуваат да ставите храбар летен принт на еден, а зошто не и на сите десет нокти, во почетокот на одморот. Додадете малку кристален сјај како финален детаљ и ќе имате убав украс што не зазема многу место, а е секаде со вас.

Заложете се за едноставност
Едноставни украси на ноктите како полумесечина или прави линии, не се толку забележливи, а сепак носат доза на енергија, кога ќе им се посвети внимание. Ако сте загрижени дека нема да ви излезат доволно добро, користете две бои, блиски една до друга, така ќе биде се во најдобар ред.

Луксуз
“Зошто не?” Принтови, инспирирани од луксузни брендови и светски познати личности. Специјалистите ја поистоветувале уметноста на ноктите со пар убави чевли – нешто со што ќе можете да уживате во текот на целиот ден. Нема поекономичен начин да кажете “љубител сум на овој бренд!”

Форма на нокти
Промената на формата на ноктите обезбедува “двоен удар” – различна визија и практичност. Многу помалку веројатно е да ги оштетите ноктите, ако се со овална форма. Освен тоа создава илузија за должина. Од супер долгите остри канџи, до оние со форма на бадем, прецизната промена на формата е начин да се заигра со визија без драстични промени во должината. Прифатете ја вистината – не можеме во секојдневниот живот да имаме долги и оформени нокти како оние на Бијонсе и Ријана за време на нивните изведувачки настапи.

Топографија и шарм
Од кристали, до знакот за мир, ѕвезди и еднорози, 3Д декорациите се топ тренд за жешката сезона во 2013 година. Тие дефинитивно се одобрени од познавачите на високата мода.
Дали сте подготвени да го прифатите предизвикот на вашите нокти?
Смели пр

Пронајдете не на следниве мрежи: