Торта од три вида на чоколадо

Доколку ви се јаде нешто благо и домашно и имате желба да направите оваа торта е вистинскиот избор. Состојки
600ml слатка павлака
150g темно чоколадо
200г бело чоколадо
200g млечнo чоколадо
1 лажица дробени кекси
3 лажици путер
Начин на подготовка
Растопете го темното чоколадо и измешајте 200ml слатка павлака. Оставете ја смесата 1 час во фрижидер да се лади.
Во друг сад растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и оставете ја смесата во фрижидер.
Истото направете го и со млечното чоколадо, измешајте го 200ml слатка павлака и оставете го во фрижидер.
Подлогата за торта подгответе ја така што ќе ги измешате дробените кекси со путерот. Смесата положете ја на дното на калапот за торта.
Кога смесите со чоколадо ќе бидат доволно оладени измешајте ги со миксер, а потоа редете ги на калапот. Во смесите можете да ставите и малку маскарпоне ако сакате да бидат покремави.
По желба декорирајте со шлаг, ореви или кекси.Состојки
600ml слатка павлака
150g темно чоколадо
200г бело чоколадо
200g млечнo чоколадо

Пронајдете не на следниве мрежи: