Трајна забрана во Уставот за промена на уставното име и на унитарниот карактер на РM

Кога пред неколку години ја актуелизирав потребата од внесување трајна забрана во Уставот за менување на уставното име Република Македонија, и на унитарниот карактер на државата, се доби впечаток дека предлогот остана недоволно разбран од политичката и од граѓанската јавност.Како одминуваше времето, како се разоткрија сите елементи на политичката криза во државата, ова прашање повторно добива на значење, поради што и се наметнува обврската истото да се врати високо на политичката агенда во земјата. Времето ни покажа дека влогот на вештачки креираната политичка криза во земјата не е само инспириран СДСМ да се дограби до власта, туку многу повеќе и многу посериозно, влогот е Република Македонија да биде разнебитена како држава, да се избрише од политичката и од географската карта, а заедно со државата да не снема и нас Македонците како автохтон и самоопределен народ. Токму од овие причини Македонците мора да делуваат брзо и енергично во сопствена самоодбрана, да ги употребат сите можни правни и политички механизми за самозаштита од политичкото цунами наметнато од надвор за бришење на Македонците од европската карта. Докази за ваквите намери како и за стратегијата во која е планирано уништување на Македонскиот народ имаме насекаде околу нас. Опасноста демне од сите страни. Македонците мора да бидат будни и остроумни во оваа борба. Мора да ги употребат сите демократски средства кои постојат во другите земји како добри практики со цел создавање на одбранбен национален механизам, создавање добар национален имунитет кој ќе успее да ги победи сите болести што ни се навртени од надвор, но и од внатре. Засилувањето на националниот имунитет мора да започне од Уставот надолу. Најдобриот одбранбен механизам во овој момент е да се внесе уставна клаузула во форма на трајна забрана за менување на уставното име и на унитарниот карактер на државата. Овие две работи од национално значење не смеат да бидат предмет на никакво преговарање, или политичко договарање. Овие две клучни работи не смеат да бидат предмет на никаков политички пазар.
Трајната забрана внесена во Уставот за промена на уставното име и унитарниот карактер на Република Македонија мора да биде сфатена како алфа и омега, детерминанта, и константа на сите наши сегашни и идни генерации, на сите политички партии, на сите граѓански здруженија и организации, на секој граѓанин.
Никој, под ниту еден услов, или причина, не смее да го отвори прашањето за промена на уставното име или за промена на унитарниот карактер на државата. Ова мора да биде семакедонска кауза и семакедонски договор, во кој еднакво, и рамноправно место ќе имаат и сите етнички заедници кои ја чувствуваат Република Македонија како своја татковина.
Крајно време е да се направи овој чекор за да се запечати политиката на неменување на уставното име и нејзината унитарна форма. Време е во Уставот на Република Македонија да се внесат два уставни амандмана со кои трајно ќе се забрани промена на уставното име, како и промена на унитарниот карактер на државата.Трајната забрана не само реторички, туку и на највисок уставно-правен начин, ќе го затвори прашањето на сите политички калкулации околу уставното име на земјата кои траат недозволено многу време, како и игрите околу унитарниот карактер на државата, и на правен начин ќе ја зацементира семакедонската црвена линија која никој во државата нема да смее да ја пречекори.
Трајната уставна забрана треба да генерира длабока кохезивна, интегрирачка енергија која ќе го засили уставниот патриотизам, и ќе го засили националното единство за прашања од најголемо значење за земјата.
Трајната забрана ќе има и силна политичка вредност. Таа ќе биде политички патоказ за сите сегашни и идни власти. Секоја идна власт ако се противи на забраната и сака да ја избрише од Уставот ќе мора да се соочи со револтот на граѓаните на Република Македонија кој ќе бара образложение зошто се инсистира на тоа бришење. А такво образложение, ќе признаеме сите, е невозможна мисија и мисија со голем политички ризик.
Уставната теорија и пракса познава бројни примери на устави во светот во кои е внесена трајна забрана за промена на некои уставни делови, или на конкретни уставни одредби. Вредни за споменување се уставите на Франција од 1875, од 1946, и актуелниот од 1958 година, во кои е внесена уставна клаузула со која се забранува промената на францускиот републикански облик на владеење.
Уставна клаузула со иста содржина имаат и Уставот на Република Италија од 1948 година, и Уставот на Република Тунис од 1959 година.
Трајна забрана за промена на претставничкиот систем, и на принципите на почитување на граѓанските слободи и права, како и еднаквоста на луѓето во земјата содржи и Уставот на Камбоџа. Уставот на Египет од 1930 година содржел забрана за промена на уставните одредби кои го гарантирале претставничкиот и парламентарниот систем на земјата, додека во Уставот на Сојузна Република Германија од 1949 година има уставна забрана за промена на три уставни одредби: одредбата која се однесува на организирањето на федерацијата, одредбата која го уредува учеството на  федералните единици во федералното законодавство, како и одредбата во која Сојузна Република Германија е дефинирана како федеративна, демократска и социјална држава.
Иако самиот поим трајна забрана за промена на одредена уставна одредба или некој уставен дел делува многу сложено, а на момент и тешко спроведлив, сепак тој прерасна во суштински елемент на модерниот конституционализам, и уставното дизајнирање.
Во уставната пракса можат да се најдат бројни забрани (трајни или привремени, целосни или делумни) за промена на одредени делови, или членови на уставот во многу земји во светот кои со текот на годините ја покажале својата целосна оправданост.
Една од таквите значајни трајни забрани е онаа содржана во Уставот на Турција која се однесува на секуларниот идентитет на Уставот, како и на „карактерот на државата“, републиканскиот облик на владеење, кои не можат да биде предмет на промена. Токму овие две забрани многумина автори ги сметаат за „цемент на националниот идентитет на Турција“.
Вредна за споменување е и трајната забрана за промена на членот 5 од Уставот на САД во кој се гарантира еднаквата изборна застапеност на сите федеративни држави во Сенатот на американскиот Конгрес.
И во Уставот на Индија постои специфичен вид забрана за промена на „основните уставни одредби“, а посебно федерализмот, владеењето на правото, секуларноста, и судската независност.
Иако трајната забрана нема правно задолжителен карактер за идните генерации, сепак аманетот оставен од нас силно ќе остане врежан во колективната меморија на македонската нација кој не ќе може да биде заборавен или забошотен од идните поколенија.
Уставното име на нашата татковина, како и нејзиниот унитарен карактер не можат и не смеат да бидат предмет на политичка трговија, а уште помалку предмет ставен на „пазарот на идеи“. Нашето уставно име како и унитарноста на државата се нашата национална гордост. А со националната гордост и достоинство на Македонците нема играње!Како одминуваше времето, како се разоткрија сите елементи на политичката криза во државата, ова прашање повторно добива на значење, поради што и се

Пронајдете не на следниве мрежи: