Третата светска војна започна на 08.08.08: Никој не забележал, очекувавме нешто поразлично…

Ни изгледаше дека војна е…тоа кога тенковите влегуваат длабоко во нечија територија, кога чизмата на странската пешадија се утврдува на освоената земја. Но, противникот не посакал да распореди десетици милиони од своите војници…Тратата светска војна веќе трае. И не започна вчера, не започна ниту по одлуката на Централната банка на Русија за зголемување на референтните каматни стапки. Не започна ниту пред еден месец, по падот на цената на нафтата. Не започна ниту во февруари оваа година со украинскиот Мајдан број 2. Не започна ниту во мај 2012. година на Московскиот плоштад.
Првата нејзина битка се случила уште на 08.08.08, пишува независниот експерт Александар Запољскис, чиј текст го пренесуваме во целост. Притоа, со подготовката на грузиската армија, Западот ја започна таа војна уште порано, во 2004. година, кога никаква “руска анексија на Крим” не постоела, а не била ниту во план. Ние едноставно го преспавме нејзиниот почеток. Не забележавме, бидејќи очекувавме сосема поразлично сценарио.
Ни изгледаше дека војна е…тоа кога тенковите влегуваат длабоко во нечија територија, кога чизмата на странската пешадија се утврдува на освоената земја. Тоа кога на ѕидовите на куќите се појавуваат наредбите на окупациските власти. Но, противникот не посакал да распореди десетици милиони од своите војници на военото поле некаде под Вороњеж и да ја претвори својата земја во радиоактивна пустина. Затоа, војната тргнала по “различен пат”.

На Западот исто така има многу паметни луѓе и првокласни аналитичари. Тие уште во 60-тите години од минатиот век ја откриле сериозната ранливост на целата наша концепција за “Рускиот свет”. Нашата заедничка ранливост. Во земјата по име Русија, народот традиционално се спротивставувал на власта. На секоја. На добра, на лоша, без разлика. И економијата. Не размислувајќи за степенот за своето познавање на економските закони. Едното и другото во спој со традиционалниот руски популизам, секогаш функционирале еднакво.
Без да размислува на последиците, народот прво барал од царот да оди на Балканот и да ги спасува “Словенските браќа”, а потоа се бунел затоа што “непромислената царска политика ја довела земјата до Кримската војна”, за која, како што се покажало, земјата не била подготвена. Тој ист народ прво барал продолжување на експанзијата кон Далечниот исток, а потоа се противел на лошите резултати од Руско-јапонската војна.Прво му се заканувале на царот со бунт доколку земјата не влезе во војна со Германија, за подоцна да ја обвини земјата за поразот. И го стрела царското семејство во подрум.
Зарем од тогаш нешто се променило? Доколку се отфрлат вербалните “глупости”, на што денес се сведуваат сите приговори на Путин, односно на државата и владата како системски институции?• Тие ја поставиле економијата на Русија на “наркотична игла”, нафтата и гасот, и со самото тоа ја убиле нејзината диверзификација.• Тие ништо не направиле за развој на националната економија и индустрија• Тие малку ги развивале проектите за модернизација• Тие премногу се мешале во слободниот пазар• Тие на ниеден начин не го подобриле животниот стандард на народот• Тие премногу му попуштале на Западот и така ја довеле земјата во денешната криза• Тие премногу се скарале со Западот и со самото тоа ја предизвикале денешната криза.

Последните две тврдења директно се спротивставуваат едно со друго, но тоа критичарите воопшто не ги збунува. Инаку, критичарите воопшто ништо не ги збунува. Дури ни очигледното разминување на нивните критики со реалното стоење на работите. А уделот “на зависноста на БДП од нафтата” се намалил до 45,5% во 2000., на 18,7 % во 2014. година. Не само што тоа намалување самото по себе е речиси тројно, туку и апсолутниот износ од 18 % не води во целосна зависност – и покрај тоа што за 13 години целиот извоз бил зголемен за пет пати – од 100 до 500 милијарди долари.Доколку на почетокот на 2000. година буџетот од продажбата на нафта не добивал речиси ништо, денес во државната благајна доаѓа околу 65 % од приходите во облик на данок, кој оди на модернизација на националната економија и реализацијата на социјалните обврски на државата кон своето население.Инаку, во делот за изворот за полнењето на буџетот, сликата е апсолутно спротивна од “општо-познатото мислење”. Буџетските приходи на Русија најмногу зависат од данакот за приходи – 28,8%. Даноците од експортот на сировини, носат околу 27,4 % од парите, 8,6 носат даноците на добивка, додека 14,7 доаѓаат од ПДВ, 3,8 од даноците на приватен имот, 2,9 % – даноци од државен имот и 13,9 % од останати извори. Значи, тоа е истата диверзификација, очигледно успешна, а кај нас пракса и денес е да ја обвинуваме владата дека нема диверзификација.
Посебно треба да се истакне омилената тема на многу критичари за крајното високо даночно оптоварување, кое наводно смртно ја задушува целата работна активност во земјата. Но, еве што е чудно. Вкупната даночна стапка во Русија изнесува 29.5 %. Нагласувам – вкупната, односно сите даноци воопшто. За сè. За приватни лица. За бизниси. За корпорации. Дали е тоа многу? Дали е тоа драматично го кочи развојот на економијата?
Исто така, се воспоставува дека не. Извозот на металуршки производи од метал пораснал за 2,2 пати, хемиски производи и каучук – речиси 10 пати, машини превозни средства – 5 пати, минерални производи – 12 пати, високотехнолошко оружје – двојно. Проектот за изградба на нуклеарни електрани во странство и нивното сервисирање, денес на Русија и носи еднакво колку и продажбата на нафта. Дури и доколку се смета дека уделот од извозот на сирова нафта се намалува секоја година, а расте уделот на извозот на преработена нафта. Сака ли некој да каже дека нуклеарните електрани не се најнапредна технологија?Тука има уште интересни работи. Секој треба сам да чита. Сепак, тоа се основи и многу се јасни. Владата прави сè што народот бара од неа и изгледа дека тоа го прави многу успешно. Не идеално, секако. Има што да се критикува, има и што да се забележи. Има и грешки. Меѓутоа, покажете ми успешна, напредна земја во која апсолутно сè е идеално и чија влада не направила никаква грешка? Дали ќе ми покажете? Нема? Тогаш за што зборуваме?

Без разлика на последните случувања, буџетот на Русија ќе остане суфицитарен. Приходите ќе ги надминат расходите за 1,2 билиони рубљи. Тоа е од прилика околу 1,9% БДП. Тоа е кога сè ќе се пресмета. Кога ќе се пресметаат и неизмерните долгови на Украина за гас. Кога ќе се пресметаат и економските последици од санкциите кои Западот ги воведе. Санкциите воведени и покрај правилата на “STO” чиј член è и Русија. Русија ја затвора годината со плус.
Дали доларот падна? Претседателот на Русија истакнал дека падот не е предизвикан од објективни, туку од чисто надворешни причини. Меѓу другото, дали сме на прагот на 90-тите, кога дури половина од производите во продавниците бил увозни и затоа драматично сме зависеле од курсот на странската валута? А од тогаш Русија успеала да достигне 97 проценти самостојно снабдување со храна.
Покрај тоа, за целата критична роба, Русија има ниво на самостојно снабдување од најмалку 80-85%. Па така, секако, курсот на доларот останува значаен показател, но веќе одамна не и критичен. Нападите на руските пари имаат само една цел – кај народот да предизвикаат паника. За да може исто како во 1917. година, бунтовниците да се кренат и да урнат сè што е лошо, за веднаш да дојде сè што е добро. Два – да нема веќе влада ниту поддршка за претседателот од 87 проценти. Попрецизно, на сите да им се чини дека немаат поддршка, и дека итно треба некој да ги спаси. Три – да, како на украински Мајдан во февруари, да биде сè скршено, да биде протеран претседателот и…И што?
Уште еднаш внимателно погледнете ја Украина. Сака ли некој таков резултат? Да? Или не? Секако, во руската економија има доволно проблеми. Најразлични проблеми. Од идејни до систематски. А властите тоа не го кријат. Не е тоа дека владата лошо управува, тоа е дека некои наши “демократски соседи” се обидуваат да не победат и да не вратат во истите оние 90-ти, во состојба на евтина и бесправна бензинска станица. А можеби и не треба да се паничи. Со оглед на тоа што тие сега настојуваат да се избор за општо-национална социјална хистерија.Западот кон Русија очигледно користи двојни стандарди. Ветува кога треба ветува, и не исполнува ветувања кога, според нивното мислење, не мора да исполни.Воопшто, ова е војна, господа. Војна за нашето право сами да одлучуваме како да живееме, како да се развиваме, што и како да градиме. Војната за нашето право во светот да ја заземеме лидерската улога на позиции кои ги заслужуваме. А во војната често се пука, меѓу другото , во нас. Понекогаш директно со топови и тенкови, а некогаш, еве и вака, економски. Без срам да се користат рацете на некои шпекуланти и различни видови на “петти колони”.Но, Русија 2014., тоа повеќе не е Русија 1992. година. Условите се апсолутно поразлични. Во секоја смисла. Од размери на национална економија до ниво на поддршка на претседателот и владата од страна на граѓаните на Русија. Тоа најдобрата гаранција.Ќе ја преживееме оваа непријатност. Само треба да мислиме со главата, а да не потклекнеме во хистерична паника.Тратата светска војна веќе трае. И не започна вчера, не започна ниту по одлуката на Централната банка на Русија за зголемување на референтните кама

Пронајдете не на следниве мрежи: