УМС: За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти за младите

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ изминатиот период активно работеше на промоција на програмата за млади. Промовирајќи ја програмата претставниците на УМС правеа споредба што Унијата на млади сили прави за младите, а што подмладокот на СДСМ понудија во овој период.Во тој контекст разликите се видливи наместо бројните проекти на ВМРО – ДПМНЕ младината на СДСМ не понуди ниту еден конкретен проект.
Денеска подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ од општинскиот комитет Гази Баба постави две паноа на кои ги закачуваа многубројните проекти што во изминатиот период ги промовираше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.
-Денеска поставивме пано каде што на едната страна ги поставивме проектите за млади што ги реализира ВМРО – ДПМНЕ, додека на другата страна закачивме празни листови кои ја отсликуваат програмата за млади на СДСМ, појаснија претставниците на УМС Гази Баба.
На паното се најдоа мерките за бесплатен автобуски и железнички превоз, намалена партиципација, изградба на нови спортски игралишта, сали и уште многу други проекти кои се дел од програмата за млади на ВМРО – ДПМНЕ.
Во изминатиот период исти ваква акција организираа и младите од Куманово, Ѓорче Петров, Кочани, Бутел и Старо Нагоричане.Во тој контекст разликите се видливи наместо бројните проекти на ВМРО – ДПМНЕ младината на СДСМ не понуди ниту еден конкретен проект.

Пронајдете не на следниве мрежи: