четврток, 12 ноември 2026
Најново

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Дрон изнервира рибар, па тој го стори она што најдобро го умее

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден рибар од Калифонија толку се изнервирал поради дрон кој летал над него  што одлучил да ја употреби својата јадица и да го приземји таа бучна направа.Немила сцена за Тајс Ледбетер се случила  на брегот на Сан Диего, кога неговиот дрон му засметал на еден рибар кој се наоѓал на пристаништето. Изнервиран од буката  која му ги бркала рибите, неименуваниот  рибар одлучил да ги искористи своите вештини и да се пресмета со летечката справа.
Кога видел што му се подготвува, сопственикот на дронот во неверување се обидел на поголема висина да ја крене својата играчка вредна  1000 долари, но било предоцна- дронот бил уловен!
Како спомен на овој настан ќе остане видеото на кое се гледа рибарот кој злобно се смешка.

Немила сцена за Тајс Ледбетер се случила  на брегот на Сан Диего, кога неговиот дрон му засметал на еден рибар кој се наоѓал на пристаништето.

Поврзани вести