Усвоена заедничка декларација на земјите членки на ЦЕИ

Loading...

Заедничка декларација усвоија во вторник попладне министрите за земјоделство на Централно европската иницијатива – ЦЕИ.Во декларацијата министрите се согласуваат дека економските, еколошките и социјалните димензии на одржливоста мора да се појавуват во секојдневната пракса и мора да преовладуваат во целото земјоделското производство и во агробизнисот.Се нагласи дека теоретскиот пристап и практичната примена на одржливоста мора да се изгради врз предвидлива рамнотежа на економските, еколошките и социјалните аспекти. Ова исто така значи дека одговорноста треба да се дели еднакво и праведно во временскиот и географскиот обем, помеѓу генерациите на производители и потрошувачи во глобалните региони.Потоа се согласија да соработуваат во областа на истражувањето на одржливото земјоделство и производство на храна и да го споделат своето знаење, со цел конзистентно и во синергија да одговорат на предизвиците за користењето на ресурсите на ефикасен начин.
Се потврди дека производството на храна и преработката на храна имаат големо значење во Централна Европа, дека тоа е основа за обезбедување на доволна количина на квалитетна безбедна храна за населението и се нагласи дека е од витално значење да се поттикне одржливото производство и потрошувачка на храна, заради оптимално искористување на ресурсите кои се намалуваат.Во врска со преработката на храна, министрите заклучија дека приоритет е да се зголеми уделот на прехранбени производи кои претставуваат голема додадена вредност и да се зајакне нивната продажба со скратување на синџирите за снабдување со храна.Исто така се нагласи дека развојот на технологии за енергенси кои претставуваат алтернатива на енергенсите кои содржат јаглерод, врз основа на локалните извори на енергија, како што се: геотермалната енергија, сончевата енергија, ветерот и биомасата, не се важни само заради намалувањето на емисиите, туку, исто така, за да создаваат економски можности за земјите.За крај како последен заклучок од заедничката декларација се нагласи дека образованието на секое ниво е од клучно значење за да се прошири знаењето за одржливо користење на ресурсите и одржливиот начин на живот во целина.Со усвојувањето на заедничката декларација земјите на Централно европската иницијатива се обврзаа да ја продлабочат регионалната соработка преку спроведување на конкретни проекти за одржлив развој.Претседателството со Централно европската иницијатива за наредната година го превзема Австрија.
МакфаксЗаедничка декларација усвоија во вторник попладне министрите за земјоделство на Централно европската иницијатива &ndas

loading...
Loading...