ВАЛЕНТИН КОСТАДИНОВСКИ – ТИНО: Џентлмените се мртви, ама жените ги убија!

Валентин Костадиновски – Тино е младиот лик во градот, кој е виновникот за вашите солзи радосници, секогаш и за секоја наредна претстава, откако си заминувате од Театар Комедија. Слободоумен, духовит и едноставен, а и многу други карактеристики што го отсликуваат, ја враќаат надежта која и беше неопходна на нашиот град. Препознатлив е по дуото со Атанас Атанасовски со кого и ја земаа наградата за „Најмлади актери“ за 2014та година на манифестацијата „Златна Бубамара“. Со него разговараме за модата во Скопје и за тоа што треба жените да променат кај себе, за да изгледаат дами во очите на мажите.Н.С.: Што подразбираш под мода, а што под стил?
Тино: Модата е веројатно светскиот тренд кој се следи, на пример, ако светскиот тренд кажува дека оваа есен се носи виолетово. Стилот е субјективно за секој човек. Ако јас не чувствувам дека треба виолетово да носам, ако лошо ми стои, тогаш зелено ќе облечам и тоа го дефинира мојот стил.
Н.С.: Дали можеш да дефинираш што е дама и дали таа воопшто постои во Скопје?
Тино: Како што џентлмените изумреа во градов, така и дамите. Тоа е одамна така, а веројатно доаѓа со промена на времето и генерациите. За мене, дама во вистинска смисла на зборот претставуваат оние стари глумици, иако не се сеќавам најдобро на нив. Меѓутоа, ние помладите генерации се сеќаваме на оние од „Македонски народни приказни“. Дамата ја дефинирам по однесувањето и манирите. Таа не може да биде дама, само зашто знае да се облекува, туку и како седи, како би реагирала,  ако некој ја навреди и на кој начин ќе му врати, на кое ниво разговара со луѓето. Тоа е возвишено и е во нивниот карактер, едноставно начинот на живот.
Н.С.: Дали постојат џентлмени?
Тино: Џентлменството е мртво. Ќе цитирам еден текст од една претстава, „Џентлмените се мртви, ама жените ги убија“.

Н.С.: Дали можеш себеси да се наречеш џентлмен?
Тино: Не, во овој контекст. Веројатно, џентлменството на нас  помладата генерација, барем јас лично тоа го сметам, става граници и прототипи на однесување, а некогаш едноставно не ти доаѓа така да се однесуваш во дадениот момент, а и чувството да си толку „фин“ и добар спрема сите. Можеби ако некоја жена ја мразам, а џентлменството, веројатно подразбира почитување на таа жена, ќе треба во тие ситуации да криеш, зашто ќе те отсликува како човек. Токму поради овие мали ситници, ако мразам некого, не можам да се правам фин со него.
Н.С.: Постои ли модна икона за тебе?
Тино: Не знам. Можам да претпоставам по начинот на кој се облекува и преку тоа да го видам неговиот карактер. Ако тоа успеал да го направи и навистина е така, тогаш за мене ќе биде модна икона.

Н.С.: Околу овој дел од разговорот за дамите и џентлмените, што е првото нешто што го забележуваш кај понежниот пол и го ставаш на листата работи кои не треба да ги прават, за да изгледаат како вистински дами?
Тино: Едноставно нивната лична слобода од внатре. Ако не се чувствуваат така, да не пробуваат да покажат пред другите дека се дами. Ако не се чувствуваш како дама, не е срамота тоа да го кажеш. Има една одлична реплика од еден филм, вели вака, „Мамо, не сакаат сите девојчиња  да бидат принцези“.Ако не сакаш да бидеш принцеза, не треба пред другите да се правиш дека си сосема спротивно. Тоа е она што сите жени треба да го променат.
Н.С.: Претпоставувам, твојот стил се однесува на секојдневното расположение.
Тино: Јас немам стил (се смее). Мојот стил се базира на тоа дали дента треба  опуштено да се чувствувам или можам да си дозволам да облечам кошула. Искрено, многу мразам кошули. Ме тераат да се чувствувам како да морам да стојам цело време исправено, тесно ти е или исто и за тесните панталони. Освен, ако си на некои официјални пригоди. Еве, мене во бањарка ми е најубаво (се смее).

Н.С.: Можеш ли да дадеш оцена колку Скопје знае добро да се носи?
Тино: Не сум компетентен тоа да го кажам. Не се случило одамна да забележам некој дека е лошо облечен, па да му се изнасмеам. Многу ми бодат очи оние патики во виолетова и зелена боја, кои во последно време често ги носат, а тука во театарот често ги коментираме. Генерално, мене ми се допаѓааат сите како се облекуваат.
Н.С.: Има ли некој костум кој што си го носел на театарската сцена, а си рекол дека е одлична комбинација за да можеш да ја носиш надвор од театарот.
Тино: Има, тоа е последниот костум што го носев во станица „Љубов“. Кога заврши претставата и бидeјќи беше приватна продукција, си ги земавме костумите за дома, па дури и за последната свадба што бев, истиот костум си го носев. За тој костум немав поим дека ќе биде класично сако, класични панталони, но тој што ги направи, ги среди како лудило од класика и затоа мене толку добро ми стојат.  Имам слика. Ќе ти покажам подоцна (се смее). Така што, не само што влијае, туку и открива нови работи за тебе, а и повеќе ти влијае тоа, отколку било што друго.

Н.С.: Во склоп со разговорот, што имаш да им кажеш на оние што знаат да речат  дека облеката го прави човекот?
Тино: Мислам дека тоа е глупост. Човекот не го прави ништо друго повеќе, од она што го има внатре, длабоко во себе и она што го нарекуваме карактер или дух.
Н.С.: Постојат и такви кои се совршено облечени, а не знаат да го носат истото парче облека.
Тино: Такви ги има и во театар. Ќе ти дадат костум и не знаеш да го носиш. Помладите генерации многу се занимаваат со тоа како изгледаат, особено жените. Некогаш им е поважно како ќе изгледа костимот, отколку  тоа што треба да го изиграат на сцена.

Н.С.: И за крај, што ќе им препорачаш на читателите на Пулс24, во контекст на модата?
Тино: Леле каква новинарка имате (се смее). Прво, би им порачал да дојдат малку да го посетат театарот и второ, да го вратат кодексот на однесување и облекување во театар. Не е најважната работа, но сите многу поубаво ќе се чувствуваме, ако има некој кодекс на однесување. Не секогаш правилата те ограничуваат, некогаш се добри, поради естетиката и почитувањето на тоа каде одиш. Им препорачувам да размислуваат како се облекуваат за конкретната пригода.
 
Интервјуто го подготви: Николина Славковска
Фотографии: Николина СлавковскаН.С.: Што подразбираш под мода, а што под стил?
Тино: Модата е веројатно светскиот тренд кој се след

Пронајдете не на следниве мрежи: