Васил Икономов Попоски – Димкоски

Васил Икономов Попоски – Димкоски 1848-1934 – Јас неќам српска пензија!- А Бугарите да ти дадат?- Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее!Василко Икономов бил попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Бил истакнат македонски етнолог, фолклорист, вреден препишувач, калиограф во духот на манастирската традиција во Македонија, потоа црковен певец, автор на црковно нотно пеење, преведувач, издавач, културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик.За него и за неговата дејност српскиот академик д-р Владан Недиќ пишува: “Ниедна јужнословенска збирка на лирски народни песни, па ниту првата на Вук Караџиќ не содржи на толку страници толкава бројка на антологиски текстови каква што е книгата на Васил Икономов, што ја објавил во Солун во 1895 година”.
Роден е во Лазорополе на 6 мај 1848 година. Василко, како што го викале сите од родното село, потекнува од најстариот род во селото Димковци, кои подоцна го добиваат презимето Поповци заради тоа што тие ги давале селските попови. Татко му бил Апостол Попоски, кој се занимавал со кираџилак, но и со трговија. Убиен бил од арамиска банда. Мајка му била Риста Чуреска, кој починала во 1854 година, кога Василко имал само 6 години. Грижата за него ја презел неговиот чичко поп Коста Мартинов Попоски Димкоски кој на прекар бил викан Иконом, па оттаму најверојатно доаѓа и презимето на Василко Икономов. Се описменил во ќелијното-селско училиште, каде што учителствувал поп Мартин Димкоски (неговиот дедо) и каде што настават се одвивала на мијачки дијалект, а црковната служба на црковно-словенски јазик. Откако се здобил со првичното образование, неговата интелигенција била забележана од грчкиот владика Калиник од Дебар, кој го испратил на дообразување во една од тогашните познати грчки семинарии, со цел подоцна да го искористи за проширување на грчкото влијание во селата од Мијачијата, кои остро се спротивставувале на големогрчката пропаганда. Но, по завршувањето на школувањето и откако се вратил во родното Лазорополе, Васил Икономов му ја откажал послушноста на грчкиот владика.
Во 1886 година Василко Икономов, заедно со уште еден охриѓанец и еден битолчанец, а по упатство на рускиот конзул во Битола, заминале за Русија, Петербург, каде што останале 15 дена. Покрај другото тие се јавиле и кај рускиот патријарх, од кого добиле три свештенички костима, разни црковни книги и две камбани за црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе. Сите тие материјали од Русија дошле преку рускиот конзул во Битола, а од таму до Лазорополе биле пренесени со кола од страна на Тоде Бешески. Камбаните биле свечено пречекани пред селото. Како лични подароци од аудиенцијата што ја оствариле кај рускиот император Николај II Николаевич, тие добиле по една сребрена табакера со златен монограм и ликот на императорот, кои пак при враќањето им биле земени на турската граница, а тие одлежале по два месеци затвор.
Василко Икономов во учебната 1892/93 година, од страна на егзархиската Бугарска црковна општина Дебар, бил известен дека е исклучен од учителската должност во селото заради, како што било наведено: неисполнување на својата должност, а имено, по инспекција што била направена во лазороското училиште, од страна на бугарски контролори, се открило дека предавањата се извршувале на мијачко наречје, а не на бугарски јазик како што барала Егзархијата и за што Василко Икономов, примал плата. Од тоа може да се види односот на Василко кон пропагандите кои во тоа време станувале сé пожестоки. Останувајќи без работа, тој отишол во Софија. Таму се зближил со Коста Шахов, организаторот на Младата македонска книжовна дружина во Софија и редактор на весникот Македониja , а каде што во тоа време се врткал и стариот Марко Цепенков.
По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата Светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот. За тоа за каков човек станувало збор, можеби најдобро зборува настанот кога извесни српски претставници од Белград дошле да му нудат пензија, а тој категорички ја одбил со зборовите:
– Јас неќам српска пензија!
– А Бугарите да ти дадат?
– Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее!
Васил се оженил за првпат во 1865 година на свои 17 години. Од тој брак имал едно дете кое набрзо умрело, а исто така и жена му. Се оженил и по втор пат, но и таа жена набрзо му умрела. Конечно, на 20 годишна возраст, во 1868 година, се оженил и по трет пат, овој пат со Ангелина (Анѓа) Камбуроска, со која што имале 10 деца, но од кои докрај му останал само синот Методија Попоски. Тој активно се вклучува во црковното антипатријаршиско движење, кое што постоело не само во селото, туку и на целата територија на западна Македонија, многу блиску соработувал со аџи Теофил Аврамов Жунгулоски (подоцна првиот македонски митрополит на Дебарската епархија). Во 1897/98 година, после неколку години на собирачката дејност, семејството на Васил Икономов се соочува со тешка трагедија. Многуте деца од бракот со Анѓа се раболуваат и умираат, најверојатно од дифтерија, а неговата жена умствено се растројува, по што сите (заедно со преостанатиот син Методија) одат во Софија, кај богатите роднини Станишеви, каде што остануваат две-три години. Во периодот од јуни 1902 до јуни 1907 година, Василко Икономов претсојувал во Браила, Романија, најверојатно на печалба. Таму се појавува во служба на црковен пејач, во црковниот храм „Св. Вознесение“. Но, освен со пеење, во својот петгодишен престој таму, тој напишал, превел и издал (како што самиот запишал во еден псалтир) неколки душеполезни книшки. Во јули 1908 година, Василко Икономов по Хуриетот (Младотурската револуција) отишол во Солун, со цел да биде поблиску до својот син Методија Попоски, кој учел во тогаш престижната Солунска машка гимназија. Таму Василко, заедно со некој ѓакон Јосиф отвориле печатница која работела 7/8 месеци. Во 1910 година во Солун е издадена малечката книга Народна песнопоyка во која се наоѓале и илинденски револуционерни песни. Токму заради објавувањето на оваа книга, Василко бил прогонет од турските власти и тој морал да бега и да се крие по бачилата на своите пријатели, но и во манастирот Пречиста, Кичевско, каде според кажувањата на неговото семејство, тој имал и своја соба. Така тој го дочекал и метежот од Првата Светска војна. Откако на 20 ноември 1915 година српската војска го напуштила Лазорополе, тука дошле бугарските окупациони сили и воспоставиле своја управа. Била формирана лазороска општина управувана од три члена Васил Икономов – претседател, Мицо Јанков – член, Спиро Ангелов – член и Спасе Исов – секретар-благајник. Василко Икономов како кмет на селото останал до 24 декември 1917 година, кога со наредба бил префрлен во Требишката општина на иста должност. За време на неговото кметство во селото било образувано Народно Читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (негов братучед), а за раководител на читалиштето бил определен тогаш главниот учител во селото Методија Попоски (неговиот син). По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата Светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот.
На 4 јуни 1934 година, во своето Лазорополе, на над 86 годишна возраст починал Василко Икономов Попоски.Василко Икономов бил попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Бил истакнат македонски етнолог, фолклорист, вреден препи

Пронајдете не на следниве мрежи: