Велигденски зајчиња

Подгответе велигденск зајчиња и украсете ја велигденската трпеза.Во 100мл. млако млеко растворете го квасецот со 1 лажиче шеќер и 1 лажица брашно. Оставете да стаса. Во длабок сад ставете ги течните состојки – јајцето, остатокот од млекото, стасаниот квасец, па додадете брашното, двете врсти на шеќер, солта и на крај путерот. Матете со миксер со спиралните маталки или изработете го тестото во кујнаска машина.
Тестото е меко и лепливо. Покријте со крпа и оставете да стасува на топло 30-40 минути. Откако ќе стаса тестото, префлете го на набрашнета површина и со набрашнети дланки оформете го во долга прачка. Сечете од тестото и формирајте топки и тоа 8 топчиња со тежина од прилика 80 гр. и 8 топчиња со тежина од прилика од 40 гр. Земете едно големо топче и со ножици или остар нож пресечето го од крајот према средината, 2/3 од тестото треба да е пресечено.
Ставете го во плех на хартија за печење и краевите малку подраширете ги. Со помалото топче направете го истото, пресечете го од крајот кон средината и ставете го помеѓу двата краја од поголемото топче во плехот. Со прсти оформете ги убаво ушите на зајчето. Истото повторете го и со останатите делови од тестото.
За очиња и носиња употребете го сувото грозје кое претходно ќе го исечкате. Оставете ги оформените зајчиња да стасуваат некои 10-тина минути. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Нараснатите зајчиња премачкајте ги со изматена жолчка со млеко и ставете ги да се печат околу 12-15 минути.
По желба можете да ставите во тестото и рендана кора од лимон. Ќе добиете миризливо, вкусно и искучително меко пециво.
 Во 100мл. млако млеко растворете го квасецот со 1 лажиче шеќер и 1 лажица брашно. Оставете да стаса. Во длабок сад ставете ги течните состојки – ја

Пронајдете не на следниве мрежи: