Видео: Еве како едноставно можете да сложите Рубикова коцка

Познатата Рубикова коцка е интересна механичка „играчка“, која во 1974 година ја измисли унгарскиот уметник и професор по архитектура Ерно Рубик.Рубик најпрво ја нарекол „Магична коцка“ и ја лиценцирал во 1980 година и таа доживеала голем успех прво во Германија, каде што истата година беше прогласена за играчка на годината, а потоа и ширум светот. До 2005 година се продадени преку 300 милиони примероци од оваа играчка.
Постојат неколку копии на Рубиковата коцка. Во класичната копија, секоја од шесте страни на коцката има по 9 квадратчиња (бела, црвена, портокалова, сина, жолта и зелена боја), кои треба да се сложат така што секоја страна треба да биде еднобојна.

Математичарите пресметале дека постојат околу 43 трилиони комбинации на коцките. И покрај тоа, коцката е можно да се сложи за помалку од 27 потези.
Затоа, време е да ја извадите вашата коцка и конечно да успеете да ја сложите. Овие две кратки видеа ќе ви помогнат во тоа. Среќно:
Рубик најпрво ја нарекол „Магична коцка“ и ја лиценцирал во 1980 година и таа доживеала голем успех прво во Германија, каде што истата

Пронајдете не на следниве мрежи: