Видео кое погоди МНОГУМИНА: Аутистично девојче избркано од авион поради бизарна причина!

Мајка и нејзината ќерка која боледува од аутизам, биле исфрлени од патнички авион, бидејќи пилотот се чувствувал непријатно поради нејзиното присуство.Дона Бигл патувала со својата 15-годишна ќерка Џулиет Форбс, од Хјустон до Портланд. Кога пилотот на United Airlines слетал во Солт Лејк Сити, го замолил персоналот да ги испрати мајката и ќерката надвор од авионот.
Девојката имала проблем да се изрази, а нејзината мајка сфатила дека Џулиет не јадела ништо веќе неколку часа. Во таква ситуација, Џулиет знаела да стане немирна.
Дона Бигл го прашала персоналот дали има топол оброк во авионот и навела дека е подготвена да плати за храната.
Бидејќи топлиот оброк бил предвиден само за патници од прва класа, стјуардесата ѝ рекла на Дона дека не може да донесе храна, дури доколку не е платена.
Откако им објаснила дека Џулиет би можела да стане немирна доколку не го добие тој оброк, стјуардесата донела храна.

Половина час подоцна, додека Џулиет мирно гледала шоу на телевизорот во авионот, пилотот објавил дека авионот ќе слета во Солт Лејк Сити поради проблематични патници во задниот дел од авионот.
Откако полицијата со медицински персонал влезе во авионот, им било кажано на Дона и Џулиет дека мора да излезат од авионот, бидејќи пилотот не се чувствува пријатно поради Џулиет.
Кога Дона ги запрашала патниците дали некој од нив има проблем со нејзината ќерка и дали правела проблеми, патниците тврделе дека немаат никаков проблем и дека треба да ја остават на мира. Дона Бигл смета дека дошло до инцидентот поради страв од аутизам.
„Сфаќам дека на луѓето не им е сеедно, но ваквото однесување мора да се смени“, смета таа.
Биглови моментално подготвуваат тужба против авиокомпанијата и се надеваат дека со тоа ќе ја кренат свеста за аутизмот и ќе се осигурат дека вработените во авионските компании ќе минат низ потребната едукација.
„Се обидовме да се прилагодиме на желбите госпоѓа Бигл и нејзината ќерка за време на летот, но екипажот донесе најдобра одлука за останатите патници да се чувствуваат безбедно“, соопшти Џенифер Дом, портпарол на United Airlines.
Дона Бигл патувала со својата 15-годишна ќерка Џулиет Форбс, од Хјустон до Портланд. Кога пилотот на United Airlines слетал во Солт Лејк Сити, го з

Пронајдете не на следниве мрежи: