четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: „Луд навивач“ се симна на теренот и почна да игра, а потоа му се придружи и Ѓоковиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најдобриот тенисер на светот беше видно расположен после победата во второто коло на US Open.Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Австралијанецот Хајдер Мауер во второто коло и после 90-тата минута се пласираше во следната рунда на US Open. По завршувањето на мечот за време на победничкото интервју Новак беше прашан дали на трибините го забележал навивачот кој играл и ја забавувал публиката, на што Новак потврдно одговори.
– Се сеќаван на него уште пред 7 години. Го знам тој лик, тој е прав играч, само не знам како може во вакви услови на голема влажност да носи толку маици. Чевеку ти благодарам што играш за мене и што сите нас не забавуваш – рече Ѓоковиќ по завршетокот на мечот.
Тоа на ексцентричниот навивач му беше знак да се симне на теренот, каде по тактовите на музиката која беше пуштена почна да игра, а набрзо му се придружи и Новак, кој уште еднаш покажа зошто го сметаат за најголем шоумен меѓу тенисерите.
Воодушевениот навивач потоа го прегрна Новак и му подари маица со мотиви на Њујорк.
Погледнете и самите како изгледаше танцот на Новак со „лудиот“ навивач:

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Австралијанецот Хајдер Мауер во второто коло и после 90-тата минута се пласираше во следната рунда н

Поврзани вести