Видео: Мало дете напишало книга, а парите ќе му ги подари на болното другарче!

Шест годишниот Дилан Сигел напишал книга за деца и од нејзината продажба собрал неверојатни 400.000 долари за лечење на своето другарче Џон.Кога дознал дека неговиот најдобар другар е болен од ретка болест, Дилан одлучил да ја напише книгата за деца „Чоколаден бар“ за да собере пари за лекувањето на Џон. На почетокот својата прва книга тој ја промовирал во училиштето и продал 200 примероци, собирајќи 6.000 долари.
По проширувањето на веста низ САД, продажбата вртоглаво растела. Продавал книги, маици, торби и на тој начин успеал да собере 400.000 долари. Меѓутоа Дилан тука нема да запре, тој планира да собере еден милион долари за да му помогне на своето другарче.
Џон боледува од ретка болест на црниот дроб наречена гликогеноза која предизвикува брз пад на шеќерот во крвта и може да биде фатална.
Видеото може да го видите на следната страна.

 

 
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: