Вчера миленикот на женската публика го промовираше новиот спот.Имено, песната ја изведува на англиски јазик и е наменета за странскиот пазар!
Песната носи наслов „Nothing but the faith“, а вчера беше промовирана на неговиот Јутуб канал.
Овој сингл беше во соработка со неговиот постар брат Раде Ковачевиќ кој беше задолжен за музиката, а додека за аранжманот се погрижи светски познатиот продуцент Бојан Дуѓиќ.
Сценарист на видео-записот беше познатиот српски режисер Ведад Јашаревиќ во соработка со продукцијата „Code on“ со што конкурира на светските пазари.
Ова е доказ дека Саша Ковечевиќ има намера да гради светска кариера. Ние му посакуваме многу успеси и понатаму.
Во продолжение погледнете го видео записот:
Имено, песната ја изведува на англиски јазик и е наменета за странскиот пазар!