четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: Слушнете го римејкот на стариот „Џентлмен“ на „Токму Така“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Популарниот „Џентлмен“ на култната кавадаречка рок група „Токму Така“ по 30 години повторно се враќа на музичката сцена и тоа како „Фатал Абдал“.„Дотеран“ во современ и модерен аранжман, хитот на Бубо Каров и „Токму Така“ е дел од проектот за нов албум на бендот кој беше најавен пред две години со хитот „Валкан Балкан“. Токму овие две песни го најавуваат и концептот на албумот кој би требало да се појави следната година, а ќе биде составен од римејкови на големите хитови на „Токму Така“, но и нови, досега не слушнати теми на кои Јане Хаџи-Наумовски, Златко Поп-Ангелов, Ано Јосифов, Јосо Андреев и Бубо Каров напорно работат.
 
„Фатал Абдал“ или ако повеќе сакате „Џентлмен“ се снимаше во „Компакт Продукција“ на Пепи Ангелов, додека на музичкиот дизајн и финалниот мастеринг работеше Костадин Камчев, инаку и самиот поранешен член на „Токму Така“, а сега сопственик на студиото „Моцарт“ во Њујорк. На римејкот на „Џентлмен“ кој се очекува да ја достигне славата на оригиналната верзија како гости се појавуваат и познатите кавадаречки музичари Ристе Наневски и Ѕвонко Богев.„Дотеран“ во современ и модерен аранжман, хитот на Бубо Каров и „Токму Така“ е дел од проектот за нов албум на бендот кој

Поврзани вести