Видео: Сторија за реинкарнација од која ќе ви се смрзне крвта-случај во кој поверуваа и неверниците!

Приказната на Шанти Деви ги замисли и најголемите скептици кои не веруваат во реинкарнацијата. Нејзиниот случај го испитувале многу научници, многу се обиделе да најдат нешто што ќе докаже дека нејзината приказна не е веродостојна. Но до ден денешен никој не успеал – а секој што бил скептик си заминал зачуден и замислен.
Приказната почнува вака.
Малата Шанти во 1930 година, на возраст од само четири години, во домот на своите родители во Делхи почнала да им раскажува дека некогаш живеела во градот Muttrah (сега познат како Матхура),  починала при породување, а нејзиното име било Ludgate.
Нејзините родители прво мислеле дека се работи за бујната фантазија на нивното девојче но тaa нон-стоп ja повторувала приказната. Додека јаделе ќе речела во мојот друг дом јадев вакви слатки, носев ваква и ваква гардероба (опишувајќи ја детално) дури раскажала и дека нејзиниот маж бил добар, имал белег на лицето и дека неговата продавница била спроти храмот во градот. Нејзините родители се загрижиле и одлучиле да истражат.
 
Навистина се покажало дека постои Muttra и дека таму живеела една жена по име Ludgate, кој починала при породување. Таму ја однеле и Shanti, која веднаш почнала да зборува на локалниот дијалект и го познала нејзиниот сопруг и децата од претходниот живот. Таа дури дала и 24 точни изјави од животот на починатата Ludgate.

 
Девојката за која зборувала била родена на 18 јануари ,1902 во семејството Chaturbhuj, кое живеело во Mathura, India. Нејзиното име било Lugdi. Кога наполнила 10 години ја дале да се мажи со Kedarnath Chaube, кој имал продавница за чевли во селото. По пубертетот таа останала бремена и родила син. Но се јавиле компликации и неколку дена подоцна на 4 Октомври и таа починла во 10 часот наутро.
Една година, 10 месеци и 7 дена по смрта на оваа жена на 11 Декември 1926, во семејството на Babu Rang Bahadur Mathur се родила Shanti Devi.
На 4 години почнала вознемирено да вика ,, ова не е мојот дом, јас морам да се вратам во својот дом таму ме чекаат мажот и детето,,Загрижените родители ја однеле на лекар, кој за да ја разубеди почнал да ја прашува како умрела. Девојчето тогаш 6 години до најситниот детал го прераскажала породувањето како и комплетната хируршка интервенција на царскиот рез.
Лекарот бил запрепастен како мало девојче може да познава толку детали од таква операција.
Повеќе на mkd-news.com

Пронајдете не на следниве мрежи: