Видео: Уште ова ни фалеше-Се појавила болест ЛУДИ ЗМИИ

Змии со психички нарушувања, ова е ново. Научниците открија нова необична појава кај одреден вид змии – најчесто кај боата и питонот. Се однесуваат како да се пијани, икаат, долго време зјапаат во една точка и се врзуваат (самите себеси) во чвор.Биолозите ова го нарекуваат „болест на луди змии“.- Некои од симптомите се навистина бизарни – вели Мајкл Бухмејер – професор за инфективно заболување на Универзитетот во Калифорнија. Во оваа состојба змиите се врзуваат во таков чвор што подоцна не можат да се ослободат, објаснува Бухмејер.
Станува збор за посебни „аренавируси“ што предизвикуваат болест кај одредени животни, но ваква појава кај рептили досега не е регистрирана. Возбудлив е фактот што идентификувавме цела нова линија аренавируси, вели професорот.

 
Истрагата за новиот вирус е покрената откако во аквариумот „Стејнхарт“ во Сан Франциско, завладеала епидемија на стомачно заболување кај змиите.
 
Прегледувајќи ги ДНК примероците научниците откриле траги од необичен вирус кој е типичен за глодарите.
Можно ли е „болеста на лудите змии“ да се пренесе и на луѓето, за ова прашање се уште не постои одговор, научниците сега истражуваат како вирусот се пренесува од една змија на друга. Змиите и онака се страв и трепет за 99 насто од населението, змии со психички проблеми, ужас.
 

Извор: mkd-news.comБиолозите ова го нарекуваат „болест на луди змии“.- Некои од симптомите се навистина бизарни – вели Мајкл Бухмејер –

Пронајдете не на следниве мрежи: