Виктор Орбан: ЕУ со санкциите кон Русија си пукаше себе си во нога!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој смета дека Европа со воведувањето на санкциите на Русија „си пукала себе си во нога“, изјавил дека од останатите членки на ЕУ ќе побара поддршка за подобрување на односите со Москва.Орбан на годишното обраќање на амбасадорите на Унгарија предупредил дека е против понатамошно отуѓеност од Москва, на која ЕУ и воведе санкции поради состојбата во Украина.
„ЕУ секој ден се повеќе се оддалечува од Русија, што е лошо не само за Унгарија туку и за цела ЕУ. Мораме да побараме други членки на ЕУ заинтересирани за забавување или запирање на овој непопуларен процес на сепарација“, истакнал Орбан и додал дека, бидејќи централноевропските и источноевропските земји не можат да постигнат консензус по ова прашање, не можат заедно ни да дејствуваат.
Орбан нагласил дека Полска и балтичките земји прашањето Русија пред се го сметаат за безбедносно прашање, што не е случај со Унгарија, која на Москва гледа како на бизнис соработник.
„Вредностите се битни, бидејќи НАТО и ЕУ имаат заеднички вредности, но тоа не значи дека кон земјите надвор од нашите сојузи треба да се однесуваме врз основа на нивната политичка култура, институција, демократија или други ставови“, рекол Орбан.Орбан на годишното обраќање на амбасадорите на Унгарија предупредил дека е против понатамошно отуѓеност од Москва, на која ЕУ и воведе санкции пора

Пронајдете не на следниве мрежи: