Виновен е пироманот или пожарникарите?

Заев е класичен политички пироман. Со налудничавите и опасни политички тези што ги пласира во јавноста, онака ноншалантно, на ѓутуре, без грам политичка одговорност за тешките последици за сите нас, Заев е на добар пат да ја распламти националната нетрпеливост во државата, да го поттикне меѓуетничкиот раздор. Целта е одамна осуетена и добро позната. Станува збор за политички план кој странскиот фактор затскриен зад црпнатиот Заев смета дека сега му е мајката да го реализира.Воведувањето двојазичност на цела територија на државата, во пакет со кантонизацијата на државата е дел од одамна скоцканиот проект против државата кој долги години чекаше вистински момент, чекаше во заседа да пронајде некој муртински лик со месијанистички карактер за да се пушти во акција. Се чекаше на македонски политичар-предавник, кој за власт е подготвен да продаде и цела држава ако треба. Се чекаше на „предводник“ на политичката криза во земјата кому нема да му биде проблем да го фрли и вирусот на предавништвото, кој треба да донесе неповратен процес на распарчување на Република Македонија.
Споредбата на политички план на нашата земја со Швајцарската конфедерација ја актуализираа уште неколку мрачни ликови од македонската транзиција, од кои еден, за жал, е универзитетски професор. Токму овој лик јавно го бранеше концептот на швајцарскиот ротационен премиер како добра практика која треба да се преземе и кај нас, исто како дводомното собрание каде што , според агитпропов, и неговиот шутнат лидер, треба да се задоволат етничките интереси.
Овој и уште неколку мрачни и црпнати ликови заедно со странскиот им планер се тотални политички аналфабети, но големи политички профитери на кои не им е проблем за големи лични интереси да ја споредуваат ако треба Земјата со Марс, или океанот со мочуриштето. Споредбата би им се свела на тоа дека во првиот случај се работи за две планети, а во вториот за две водени површини. Така е судбината и на нивната политичка споредба меѓу Македонија и Швајцарија, два тотално различни система, кои немаат никаква допирна точка.
Свесно ли овие црпки во умот го занемаруваат клучниот факт дека Република Македонија немала ниту слична, а уште помалку иста политичка историја со Швајцарија, дека нема исто политичко опкружување, а уште помалку имала искуство на практикување кантонален модел на уредување што Швајцарија го препознава како срцевина на сопствениот политички код? А како го препознава Република Македонија? Многу едноставно. Kако срцевина на брзо политичко изумирање, како лесен рецепт за инстантно исчезнување на Македонците од Балканот.
Швајцарија не е национална држава, туку федерација на 26 кантони (од кои шест се т.н. „полукантони“) кои имаат свој кантонален устав, свое собрание, своја влада, свои судови. Секој кантон избира свои претставници во Сојузното дводомно собрание и свои претставници во Сојузната влада. Државната политичка моќ во Швајцарската федеративна држава е поделена меѓу конфедерацијата, кантоните и комуните (вкупно 2.324) како примарна единица во сложениот политички систем. Kантоните и општините имаат широки овластувања и свои директни финансиски извори од каде ги алиментираат трошоците за управување со единиците.
За Швајцарската конфедерација се вели дека е, пред с`, јазична конфедерација составена од четири основни јазични компоненти сфатени како етнички компоненти: германска, француска, италијанска и романска. Начелото на супсидијарност е клучен принцип врз кој се темели политичката организираност на системот. Тој значи дека ако некое прашање не може да се реши на ниво на општина тоа се префрла за решавање на повисоко, кантонално ниво со цел да се надмине.
Од друга страна, конфедералните овластувања се утврдени во Уставот каде јасно се разграничени надлежностите на федералните органи во сферата на надворешно-безбедносната и одбранбената политика, царинската и монетарната политика. За сите други прашања што не се таксативно набројани како овластувања на сојузните органи, надлежни се кантоните кои имаат висок степен на автономија заснован на принципот на самоопределување до отцепување.
Најголемата и непремостива разлика меѓу нашата држава и Швајцарија е што во РМ има околу 65 проценти мнозинско македонско население, од една, и други малцински заедници кои влегуваат во другите проценти, од друга страна. Швајцарија има четири поголеми етнички заедници од кои ниту една не е мнозинска. Kонсоцијалната демократија во Швајцарија во такви услови доаѓа како неопходност. Во РМ, консоцијалната демократија создава големо политичко бреме. Kреира тиранија на малцинството над мнозинството.
Сличностите во делот на нашите и швајцарските општински овластувања кои наводно беа коинциденција во времето кога СДСМ ја изврши касапааната со територијалната поделба на државата, денес ја исфрлаат на површина систематичната и длабинска обработка на теренот од странските планери потпомогнати со сдсовските предавници за туркање на Република Македонија во пред фазата на федералната и кантонална авантура што ни се нуди денес, а од која знаеме дека враќање назад нема.
Следно што не очекува по поделбата на Република Македонија на шест кантони според предлогот на Заев се референдумите за отцепување на првите два кантона кои според проектот „Голема Албанија“ природно треба да и припаднат на оваа држава. Останатите кантони ќе бидат принудени да соработуваат со соседите кои им се територијално најблиски со процеси на неминовно припојување на останатите кантони од некогашна Република Македонија кон соседните земји кои од памтивек имаат негаторски однос кон Македонците и македонската унитарна држава.
Финалето на проектот што Заев го турка без ум е реализација на грчката политика целосно објаснета во писмото на поранешниот грчки претседател Kонстантин Kараманлис испратено до грчкиот министер за надворешни работи на 26. февруари 1992 година во кое се бара од официјалните политички претставници во Брисел да поентираат со грчкиот аргумент дека постоењето на македонската држава е „неодржливо“, и дека како таква државата ќе се подели, распадне, или исчезне.
Второто писмо кое не смее да се заборави е она на Самарас кога како министер за надворешни работи го испрати на своите колеги во ЕУ, во кое тој рече: „Внимателниот набљудувач лесно може да воочи дека независната македонска држава е неодржлива. Економски, без излез на море, таа нема материјална основа да преживее, етнички, со над 1/3 албанско етничко население, од една, и мнозинско словенско население, од друга страна, таа нема подлабока причина да опстане. Во моментов тие се нарекуваат „Македонци“, но Бугарите и во мал обем Србите сметаат дека тие се нивни“.
Овие „аргументи“ на Самарас очигледно беа прифатени од неговите европски колеги, но и од тогашните политичари на СДСМ, бидејќи токму во 1992 година со носењето на Лисабонската декларација од страна на ЕУ се одби да се прифатат заклучоците од Бадинтеровата комисија за Македонија, со што проблемот се префрли во ООН како исклучиво безбедносно прашање. Она што е забележлив момент во целиов период на наметнување кризи во Република Македонија е дека грчките политички ставови се силно поддржани и од т.н. македонски сдсмовски и албански интелектуалци познати како „неутрални следбеници“ на грчката политичка агенда, кои постојано го тврдат истото, дека ако не стане членка на НАТО, Македонија ќе се распадне или дека ќе стане протекторат.
Од денешна перспектива, сите овие политички вистини и темни страници на македонската политичка историја преполни со национални предавници и луѓе полни со омраза и презир кон сопствената татковина се потврдија како точни и меѓусебно поврзани. Голем број поранешни и актуелни македонски политичари се директни виновници што не застанале во одбрана на македонските интереси кога тие биле директно газени од подземните странски и домашни сили што плански ја истуркаа Република Македонија до бездна.
Отсуството на кривична одговорност за сторените велепредавнички акти и дејствувања од голем број политичари во минатото и денес, ја доведе нашата татковина да се бори за гол политички опстанок. Легитимно е правото на секој политичар да нуди политички концепти за иднината на државата. Но, да се сее семе на раздор без пардон, и да се пушта антимакедонски вирус таргетиран кон целосно уништување на битието на македонската држава е злодело какво што поновата македонска историја не памети.
Вирусот дополнет со неодамнешните насилства по улиците во Скопје и сквернавењата на националните спомен-обележја од нашите македонски изроди мора да биде решен во судска постапка. Ова е последниот аларм за тревога, последниот крик за спас на сопствената држава. Ако и овој пат изостане кривичната одговорност за политичкиот пироман и неговите соросоидни платеници, пожарот ќе ги проголта пожарникарите наместо пироманите…
Пишува: Тања Каракамишева-ЈовановскаВоведувањето двојазичност на цела територија на државата, во пакет со кантонизацијата на државата е дел од одамна скоцканиот проект против државата

Пронајдете не на следниве мрежи: