Витален проект за македонскиот здравствен систем- Новатата Клиничка болница во Штип

Постарите штипјани се сеќаваат дека штипската болница е изградена од пред околу 80 години и претставувала прв болнички капацитет во источниот дел на Македонија. Оваа болница со неколку доградби во изминатиот период ја исполнуваше својата функција, но очигледно е дека денес по толку децении потребите и стандардите за здравствени услуги во Штип се променија. Барањата и очекувањата на корисниците на здравствените услуги се зголемија.
 Ова на прес-конференција го истакна Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека квалитетот на еден здравствен систем првенствено зависи од квалитетот и знаењето на здравствените работници, квалитетот на опремата, како и квалитетот на здравствената инфраструктура.
-Тргнувајќи од ова и од потребите на граѓаните, во овој дел на Македонија за подобрување на квалитетот на здравствените услуги, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да изгради целосно нова Клиничка болница. Реализацијата на овој проект ќе значи изградба на болница со карактеристики и функционалности каква што до сега не е изградена во Македонија. Изградбата на оваа болница ќе постави стандард кој ќе треба да се достигне не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.
Изградбата на нова и современа болница во Штип ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од Штип и целиот источен и југо-источен регион на Македонија, кои ќе имаат директен бенефит од изградбата на новиот објект на Клиничката болница.
-Објектот ќе опфати околу 34.000 метри квадратни бруто површина. Оваа болница ќе има високо софистицирани стандарди за работење, ќе профункционира комплетно воспоставен билдинг менаџмент систем кој во целост ги контролира електриката и машинството на објектот и е директно поврзан со системот за менаџирање на болничките соби, при што се постигнува ефикасно и одговорно користење на ресурсите. Исто така, за прв пат во јавна здравствена установа е проектиран и ќе се изгради систем за пнеуматска пошта која ги поврзува лабараторијата со дијагностиката и оперативниот дел. Станува збор за транспортот за крв наместо физички од страна на здравствените работници ќе се врши преку пенуматски туби. Во одделението за нега на хоспитализирани и болни, планирани се со 80 отсто четири креветни соби, 10 отсто двокреветни соби и 10 отсто едно креветни соби. Новата клиничка болница во Штип ќе биде високо енергетски ефикасен објект со ниска потрошувачка на примарна енергија на годишно ниво. А менаџирањето на целата болница исто така ќе придонесе во рационализацијата и енергетската ефикасност на објектот.
Изградбата на новата клиничка болница во Штип, додаде Димков, е витален проект за македонскиот здравствен систем. Оваа болница ќе биде регионален центар кој ќе обезбедува здравствени услуги од повеќе медицински специјалности за поширокиот регион на источна и југоисточна Македонија.
-Со овој проект Штип и околните региони ќе добијат комплетно нова, најсовремена болница изградена според врвните стандарди во оваа област. Таа ќе функционира на задоволство на пациентите, но и на медицинскиот персонал кој ќе добие работни услови според светски стандарди. Изградбата на клиничката болница во Штип беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, денес ветеното се остварува. Битно е граѓаните на Штип да знаат дека изградбата новата клиничка болница се одвива милиметарски прецизно според планот и во предвидениот рок ќе биде ставена во функција.Ова на прес-конференција го истакна Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека квалитетот на еден здравствен систем првенствено зависи од квалитетот

Пронајдете не на следниве мрежи: